Безглутенски леб со мак

Овој леб со овесни снегулки и арома на лимон е одличен за појадок, вечера или ужина.

0
138

Состојки:

2 ипол шолји овесни снегулки

4 јајца

1 шолја павлака

3/4 шолја мед

1/4 шолја сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон

1/4 шолја мак

2 лажички прашок за пециво

прстофат сол

Приготвување:

Смелете ги овесните снегулки.

Во еден поголем сад изматете ги јајцата и додадете им ја павлаката и мешајте додека не се добие компактна смеса. Додадете мед, лимон и кора од лимон и повторно измешајте.

Додадете ги овесните снегулки, мак, прашок за пециво и сол. Мешајте додека смесата не се спои.

Ставете ја смесата во калап и печете во рерна на 180 степени 30 до 35 минути.

loading...