Ванилини кифлички

Еве уште едни празнични колачи кои можете да ги направите порано и да ги додадете во кутијата со оние од ѓумбир, па наместо да ги правите за време на празниците, одмарајте се и грицкајте

0
169

Состојки:

За тестото:

170 г путер

50 г шеќер во прав

70 г мелени бадеми

270 г меко брашно

2 кесички ванилин шеќер

За поросување:

150 г шеќер во прав

кесички ванилин шеќер

Приготвување:

Замесете го тестото од наведените состојки, завиткајте го во фолија и оставете го барем 1 час во фриждерот (може да стои и подолго)

Загрејте ја рерната на 175 степени. Обликувајте кифлички и печете околу 10 минути. Треба да останат бели.

Испечените кифлички поросете ги со шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.

Од оваа количина излегуваат две тепсии.

Фото: Pixabey

loading...