Вегански јогурт со чиа семе

Оваа интересна варијанта на јогурт кој не се прави од млеко, но содржи пробиотски бактерии и е многу хранлив.

0
216

Состојки за околу 2 шолји:

1,5 шолја сирови бадеми

½ шолја семки од сончоглед

3 шолји вода

1 капсула пробиотик

¼ шолја плус 1 лажица чиа семки

Малку сол

Приготвување:

Потопете ги бадемите и сончогледот во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Следниот ден исцедете ги и исплакнете ги бадемите и сончогледот, па ставете ги во блендер, додадете вода и сол.

Мелете додека не добиете компактна маса.

Употребете газа за да ги одвоите влакната од течноста. Течноста – „млекото“ од јаткасти плодови префрлете го во посебен бокал.

Отворете ја капсулата пробитоик и помешајте го правот во „млекото“ од бадеми и сончоглед со дрвена или пластична лажица.

Покријте го бокалот со ткаенина и оставете го на топло и темно место околу 24 часа.

Тргнете ја ткаенината, помешајте се со дрвена лажица и пробајте. Би требало да има киселкаст вкус – ако не е, оставете да отстои уште малку. Кога е подготвено додадете ги чиа семките и оставете да стојат додека да набабрат, околу пола час. Потоа промешајте, па оставете во фрижидер мешавината да се олади и уште малку да се згусне.

loading...