Висок притисок: Шеќерот полош од солта

Повеќе од еден век лекарите не предупредуваат дека е солта опасна заради ризикот од висок притисок. Но новото истражување објавено во престижното списание British Medical Journal тврди: вистински виновник за хипертензијата е шеќерот, а не солта!

0
212

Иако многу лекари се уште ќе инсистираат на тоа нивните пациенти со хипертензија да ја намалат, или дури да ја елиминираат солта од исхраната, новите сознанија не ја поддржуваат оваа стратегија. Имено, новите истражувања повеќе на наоѓаат јасна поврзаност помеѓу внесот на сол и покачениот притисок.

Напротив, повеќе истражувања утврдиле дека ограничувањето или елиминирањето на солта од исхраната, наместо да го намали, го зголемува ризикот од појава на фатални срцеви проблеми.

Меѓутоа, истражувачите од Институтот за срце во Канзас Сити и Монтефиоре Медицинскиот центар од Њујорк кои детално ги проучиле досегашните истражувања за односот помеѓу внесувањето на шеќер и крвниот притисок, тврдат дека познатите факти го зборуваат следното: Ако внесуваме 25 отсто од калориите преку додадениот шеќер, тоа тројно го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести. Кај оние кои 10 отсто од калориите внесуваат преку додадениот шеќер, тој ризик не е зголемен.

Истражувачите истакнуваат дека е многу важно да се знае следното: проблем се само „додадените“ шеќери (на пример, оние кои се наоѓаат во индустриската храна и зашеќерените напитоци, а посебно фруктозата).

Шеќерите кои се јавуваат природно, вклучувајќи ја и фруктозата, по се изгледа не можат да ни наштетат (на пример, во комбинација со вода, растителни влакна, па дури и со масти и протеини, какви што се наоѓаат во целовитата растителна храна). Конкретно, едно истражување покажало дека дури 20 порции цело овошје дневно значително го намалило систолниот притисок, наспроти тоа што ова подразбирало внесување на фруктоза од речиси 200 грама!
Исто така, истражувачите нагласиле еден многу важен факт, кој е еден од можните причини за забуната и грешните обвиненија против солта. Имено, најголемата количина сол во западната исхрана луѓето ја внесуваат токму по пат на преработена храна, која е исто така и најголем извор на додаден шеќер.

Конкретно, се покажало дека консумирањето повеќе од 74 грама додадена фруктоза на ден за 77 отсто ги зголемува шансите притисокот на порасне преку 160/100! (Споредете го ова со фактот од претходно споменатото истражување дека внесувањето на 200 г фруктоза од овошјето не придонесло за покачување на притисокот. Напротив!)

Статистиката зборува и во прилог на штетната улога на шеќерите. Пред околу 30 години, во Америка поединец користел во просек само 3-4 или нешто малку повеќе килограми (додаден) шеќер годишно. Со порастот на производството на преработена храна, високофруктозен пченкарен сируп и зашеќерени напитоци, просечната потрошувачка на шеќер по човек  во Америка пораснала на неверојатни 36 до 75 кг годишно! Тоа би било 24 до 57 лажички шеќер дневно, или 83 грама фруктоза.

Со оглед на тоа што само 74 грама фруктоза значително го зголемува ризикот од висок притисок, не е чудо што со денешниот начин на исхрана имаме вистинска епидемија на хипертензија.

Заклучок? Па веројатно ако ви се јаде нешто благо треба да јадете овошје и зеленчук колку што сакате, а кексите, колачите, зашеќерените напитоци и слично, најдобро е да ги заборавите, доколку имате проблеми со притисокот, или пак семејна историја на оваа болест. Или оставете ги слатките само за посебни пригоди кога тешко можете да ги избегнете.

loading...