Витаминските додатоци се целосно бескорисни

Научно е докажано дека додатоците во исхраната немаат никаков бенефит, а некои дури можат да бидат и штетни за здравјето. Затоа, наместо да фрлате пари за суплементи, јадете здрава и разновидна храна

0
163

Има сė повеќе докази, покажува науката, дека консумирањето на витамини во облик на суплементи е всушност прилично бескорисно.

На витамини и минерали во форма на таблети и капсули се трошат милијарди евра годишно, а нивното консумирање стана како одржување на основна хигиена и здравје.

Споредбата на податоците и истражувањата направени помеѓу 2012. и 2017. година покажува дека мултивитамините, витамин Ц, витамин Д и калциумот имаат мало до никакво влијание на целокупното здравје на оние кои тие суплементи ги консумираат, пишува Business Insider. Исто така, нема показатели дека ја намалуваат опасноста од кардиоваскуларни болести, срцев удар, мозочен удар или други здравствени болки.

Студијата е објавена во научното списание Journal of the American College of Cardiology, a на чело на истражувањето е д-р Дејвид Џенкинс.

Бевме неверојатно изненадени од тоа дека има толку малку позитивни ефекти.

Нашето истражување покажува дека консумацијата на суплементи нема да ви наштети, но нема ни да ви помогне“, вели Џенкинс.

Фолната киселина или витаминот Б9 се поврзуваат со намалување на кардиоваскуларните болести додека витаминот Б3 или ниацинот дури се доведува во врска со зголемување на здравствените проблеми и прерана смрт.

Тоа покажува дека антиоксидансите во претерано големи количини исто така не се добри.

Во истражувањето се вклучени витамините А, Б1, Б2, Б3 (ниацин), Б6, Б9 (фолна киселина), Ц, Д и Е, како и каротен, калциум, железо, цинк, магнезиум и селен. На пример, витаминот Ц е докажано неефикасен против обична настинка, додека во преболувањето на истата може да помогне цинкот. Консумирањето на мултивитамини, велат авторите на студијата, е целосно непотребно.

Сосема доволна е здравата и разновидна исхрана, а „митовите“ како што се дополнителен витамин А за видот, витамин Б за енергија и витамин Ц за имунитет, велат, се глупости. Витаминот Д, заедно со фолната киселина, е единствен чие дополнително консумирање го поттикнуваат затоа што многу тешко се добива од исхраната, а е круцијален за апсорпција на калциумот за здравје и сила на коските.

Се произведува со изложување на сонце, но тоа е особено комплицирани во зимските месеци.

Витамините А, Ц и Е, или антиоксидансите кои штитат од рак се присутни во овошјето и зеленчукот, а посебно во зрнестото овошје. Претерувањето со антиоксиданси, покажува истражувањето, е лошо за здравјето па дури се поврзува и со некои облици на рак, како што е ракот на белите дробови.

Витаминот Ц докажано не го подига имунитетот, а особено не кога сте веќе болни. Наместо тоа обидете се со цинк, единствен докажан „помошник“ против настинка.

Пиењето витамин Ц не значи ништо за настинката и имунитетот, а помага за создавање на бубрежни камчиња. Најдобро е да се јадат многу цитруси и јагоди. Наместо Б3 витамин преку таблети, јадете туна, лосос и цвекло и ќе имате доволна количина во организмот. Лицата кои пијат суплементи немаат ништо помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести, а ги поврзуваат и со дијагнозите на внатрешни крварења, проблеми со црниот дроб и инфекции, од оние што консумирале плацебо. Пробиотиците се исто така, велат истражувањата, скапи и потполно непотребни. Јадете јогурт и добрите бактерии ќе цветаат. Фолна киселина секако треба да пиете ако сте бремени или ако планирате да забремените, затоа што е тоа основен нутриент кој помага при создавањето нови клетки што им е на трудниците и тоа како потребно.

Фото: Pixabey

loading...