Внесуваме двапати повеќе сол отколку што е потребно

Порано поскапоцено од златото, а денес на лош глас помеѓу експертите и нутриционистите, солта е една од намирниците која мажите ја внесуваат во просек во количина од 12, а жените во количина од 10 грама на ден. Меѓутоа, препорачаната дневна доза на сол е само пет грама, а внесувањето на прекумерна доза долгорчно го нарушува здравјето, велат експертите.

0
170

Неодамна, во една студија објавена во британското медицинско списание (BMJ) е објавено дека намалувањето на солта за само 10 проценти може да спаси милиони човечки животи. Иако во историјата е позната како исклучително ретка намирница, солта сега е достапна за нас во секое време. Ова е добро затоа што му е потребна на телото за да функционира правилно, но дали знаевте дека препорачаната дневна доза на сол е само пет грама, или една лажичка?

Како што велат стручњаците, земањето прекумерна доза на сол го нарушува здравјето, ги оштетува бубрезите и го зголемува крвниот притисок. Луѓето со проблеми со хипертензија, која е еден од главните фактори за појава на болести на срцето и крвните садови, треба да посветат особено внимание на нејзиното внесување.

Сепак, како теоретските препораки да се преточат во практични – односно, како да го намалите дневното внесување на сол?

Се препорачува да го ограничите консумирањето на храна надвор од дома или да го минимизирате во текот на неделата. Денес, поголемата количина на сол се внесува од полу-готови и готови пекарски производи, вклучувајќи леб и колачи, бисквити и грицки. Кога јадете надвор од дома, тешко е да се избегне скриената сол во готовите оброци, кантините и рестораните за брза храна.

Кога готвите, не ја солете храната пред да ја пробате. Пред да посоите нешто дополнително, пробајте со зачини како што се црн пипер, кари или пиперка. Вкусот на секое јадење е многу побогат ако му се додадат разни поздрави додатоци, од кромид и зачински билки, па сé до сок од лимон.

Ако купувате сувомеснати производи, изберете ги оние со јасни ознаки за намалената количина на сол. Производителите од целиот асортиман на овие производи, без разлика дали се домашни или индустриски, користат сол како природен конзерванс, што придонесува за нивната долгтрајност. Покрај тоа, прашајте колку сол содржи вашиот омилен леб. Ако лебот на 100 грама има повеќе од 1,5 грама сол, заменете го. Исто така, не користете сирења кои содржат повеќе од еден грам сол.

Бидете умерени во сè што знаете дека содржи големи количини сол, а кога купувате готови производи, проучете ја добро декларацијата.

Јадете што повеќе свежо, замрзнато или суво овошје и зеленчук, мадо кравјо сирење, риба, домашна супа, јогурт и житарки без додаток на сол. Максимално ограничете ја потрошувачката на грицки, особено оние поросени со сол, или за кои знаете дека содржат големи количини на сол. Таквите производи често само во 100 грама содржат и повеќе од 3 грама сол. Особено потрудете се таквите намирници да ги воведете што подоцна во исхраната на вашето бебе, бидејќи така го избегнувате создавањето навики на солен вкус.

Обидете се целото семејство полека да се навикне на помалку солена храна со постепено намалување на солта во храната што ја користите или во оброците што ги подготвувате. Три до шест недели е доволно да се навикнете на помалку солени вкусови, и со тоа помогнете си и на своето здравје и на здравјетона своите најблиски.

Фото: Pixabey