Време е за вишновка

Последна шанса да си направите убав домашен ликер од вишни. Некои го пијат како аперитив, некој наместо десерт

0
148

Кога бевме студентки, под стрес пред некој испит, во депресија заради некој дечко или пак зашто сме ставиле 5 килограми па омилените фармерки повеќе не ни се точни, мајка ми знаеше да не седне и да ни каже: Ајде да ви ставам од мојата вишновка по една чашка.

Ни требаше само една ваква малечка чашка за да се опуштиме, а домашната вишновка за нас стана и остана синоним за „антидепресив“.

Лесно се прави, само што треба да се почека 30-40 за да „стаса“.

Во меѓувреме, никогаш не ја допивајте целата залиха од ланската вишновка. Одлична е додека ја чекате новата „реколта“.

Состојки за 1 литар:

75о г вишни

500 г шеќер

350 дцл ракија (најдобро е ако имате „ацовача“, односно, проверена домашна ракија која ја прави некој ваш поблизок или подалечен роднина, пријател, сосед,…)

Некои ставаат цимет, каранфилче, ванила или рендана кора од лимон, но ако правите првпат, не експериментирајте и одете на сигурно – најдобра е кога има само три состојки.

Приготвување:

Измијте ги вишните и ставете еден ред вишни во стаклена тегла, ред шеќер, па прелијте со ракијата. Затворете ја теглата и нека стои на сонце најмалку 4 недели. Потоа ставете ја во шише, а вишните употребете ги за правење колач.

loading...