Ги чува коските, го јакне мозокот, го превенира ракот, па дури и подмладува

Која е оваа чудотворна билка? Се, разбира, руколата. Сто грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали

0
646

Руколата е преполна со влкна кои му помагаат на варењето, заситува и по консумирањето не чувствувате потреба за мрсна и слатка храна. Помага да го снижите холестеролот и да го држите под контрола нивото на шеќер.

Сто грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали кои се неизмерно здрави за нашето здравје.

Како член на семејството зелки, зелените делови од руколата се богати извори на одделни фитохемикалии, како што се индоли, тиоцијанати, сулфорафан и изотиоцијанати. Сите овие соединенија имаат противканцеогени ефекти на естрогенот  и така можат да обезбедат заштита од рак на простата, на дојки, на грлото на матката, дебелото црево, јајниците.

Здравствена корист

Витамините, минералите, фитохемикалиите и антиоксиданси те кои се наоѓаат во секој лист на рукола  се многу корисни за здравјето на сите оние кои ја вклучуваат руколата в својата исхрана.

Антиоксидантни својства

Руколата е одличен извор на антиоксиданси и може да ги зголеми ORAC вредностите (антиоксидативен капацитет) во организмот на некоја личност, што е начин за мерење на силата на тој антиоксиданс.

Антиоксидансите имаат функција да одржат здрава рамнотежа на ензимските реакции во клетките, додека активно бараат и уништуваат болести предизвикани од слободните радикали кои можат да го нападнат организмот. Вашиот имунитетен систем исто така ќе ви биде благодарен што сте ја одбрале руколата, затоа што антиоксидансите работат на јакнење на вашата одбрана против едноставни болести каква што е настинката или против посериозните состојби, како ракот, срцевите заболувања и прераното стареење.

Здраво тело

Витаминот А е еден од горе споменатите антиоксиданси и неговото значајно присуство во руколата исто така гарантира подобрување на состојбата на коските, забите и очите. Покажано е дека соедининенијата на флавоноидите во лиснатиот зеленчук сличен на руколата ја штитат кожата, белите дробови и оралните празнини од ракот.

Ги јакне коските и мозокот

Уште една полза од вклучувањето на руколата во редовната исхрана е витаминот К. Овој антиоксиданс исто така функционира како антивоспалителен поттик во вашето тело. Витаминот К ја поттикнува остеотрофичната активност во клетките, што значи дека помага коските да се формираат и да зајакнуваат. Постепената деградација на нервните патишта, како во случајот на Алцхајмеровата болест, може да се забави со зголемување на внесот на витамин К во исхраната. Бидејќи е добар извор на витамин К, руколата се наведува како мал, но вреден превентивен метод за тој тип на болести.

Ниското ниво на оксалати (што овозможува поголема апсорпција на минерали) и присуството на мноштво минерали во оваа билка ја прават руколата многу добра за здравјето на коските. Оние кои страдаат од остеопороза можат да видат подобрувања, но руколата може да се користи и како превентивен метод, обезбедувајќи здравје и сила на коските пред старосните или ефектите на активност не се одразат на коските и не доведат до сериозна дегенерација.

Здрав систем за имунитет

Овој добро познат витамин се наоѓа во руколата во големи количини и помага да се спречи ракот и да е одржи доброто здравје во организмот давајќи му дополнителен поттик на вашиот систем за имунитет. Втаминот Ц е една од надобрите одбрани за вашето тело да се ослободи од слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија и да ги елиминира пред да предизвикаат вистинска штета. Руколата е преполна со витамини и минерали кои на некој начин ја акнат одбраната на системот за имунитет на организмот. Телото е стимулирано да создава повеќе бели крвни зрнца, а руколата има и други бројни начини да ги подобри силата, издржливоста и функционирањето на вашиот систем за имунитет.

Спречување на ракот

Консумирањето на рукола е добро за спречување на ракот зашто содржи доста фитохемикалии. Фитохемикалии се супстанции како што се тиоцијанатите, сулфорафанот или индолите. Студиите покажале дека овие супстанци се многу успешни во борбата против рак на простата, на дојки, на грлото на матката, на дебелото црево или јајниците. Овие фитохемикалии кои се наоѓаат во големи количини во руколата ја спречуваат активноста на овие канцерогени клетки.

Пренатално здравје

Руколата е одличен избор за содаток во исхраната за бемените жени. Фолатите кои вклучуваат фолна киселина, докажано ја намалуваат појавата на одредени ментални дефекти кај бебињата. Руколата е богата со фолати, како и повќето лиснати зеленчуци.

Метаболички функции

Уште една полза од руколата е присуството на витамини од Б комплексот, порано познати едноставно, како витамин Б, кој всушност прави група од осум различни витамини кои го поттикнуваат метаболизмот и здравјето на клетките. Б витамините учествуваат и помагаат во сите различни клеточни активности, вклучувајќи го производството на енергија, синтезата на мастите, производството на црвени крвни зрнца и многу други витални процеси за клеточното  метаболичко здравје. Руколата содржи големи количини комплекс од витамини Б во својата органска структура.

Сетило за вид

Руколата е добро познат извор на каротеноиди, природни пигменти кои се веќе долго познати по тоа што го подобруваат видот. Всушност, каротеноидите го забавуваат процесот на макуларна дегенерација која резултира со губење на видот во средиштето на видното поле. Во повеќето случаи тоа предизвикува  катаракта која потоа мора да се острани. Со зголемување на количината на каротеноидите во вашата исхрана (а руколата е одличен извор за нив), ќе се забави овој класичен симптом на стареење.

Апсорпција на минерали

Руколата има многу мало ниво на оксалати во споредба со другите популарни зелени зеленчуци како што е спанаќот. Оксалатите ја спречуваат апсорпцијата на минерали во организмот, што е контрапродуктивно за консумирањето на минерали од истата намирница. Руколата нема високи нивоа на оксалати, а минералите како бакарот и железото, кои ги добивате од билката, многу полесно се апсорбираат и поефикасно се користат. Ако јадете некое зеленило, тоа не морада значи дека јадете нешто што е добро за вас. Посебно внимание мора да се обрне на користа која одделни билки и зеленчук можат да ви ја овозможат.

Губење на тежината

Вклучувањето на руколата во исхраната е исто како вклучување на било која друга нискокалориќна билка богата со витамини и хранливи материи и сигурно ќе има позитивни ефекти на било какви обиди да ослабнете. Бидејќи задоволува толку многу нутритивни потреби, руколата е едноставен начин да внимавате на вашето здравје и да го држите вашиот систем под контрола, без некои драстични измени во вашата исхрана.

Подмладување

Заради високиот процент на витамин А, одлична е за кожата и за одржување на нејзината еластичност, затоа што на 100 г рукола има дури 47 отсто витамин А, но и 25 отсто витамин Ц. И двата наведени витамини се одлични за одржување на здрава, еластична и младешка кожа.

Фото: Pixabay

loading...