Дали би го пробале овој сладолед со кечап?

Сладолед со кандирана сланина, кафен шеќер, цимет, ванила и малку рум, сладолед од лук или евентуално, сладолед од мајчино млеко. Ах, каде е оној вкусен обичен домашен сладолед од ванила што на времето сите мајки го правеа од обични јајца, обично млеко и екстракт од ванила...

0
31

Доаѓа сезоната на сладоледи, а нивниот избор од година во година е сѐ поголем и сѐ понеобичен. Сетете се само на сладоледот со лук. И очигледно повеќе не станува збор само за оние класични сладоледи од ванила и чоколадо какви што јадевме порано, туку сладоледџиите се сѐ поинвентивни, или можеби – похрабри во своите експерименти. Еве на пример, дали вие би го пробале овој сладолед со кечап?

Would you try this ketchup ice cream?

Would you try this ketchup ice cream?Credit: Gelati Enniscrone & Ballina

Posted by Bored Panda on среда, 16 мај 2018

Еве листа од уште некои необични сладоледи кои можеби ќе посакате да ги пробате, а можеби и не.

Ова се најнеобичните сладоледи кои се прават ширум светот. Погледнете од што се направени и верувајте, навистина постојат!

1.Сладолед од крокодилски јајца

Овој необичен сладолед е еден од најпознатите десерти на Филипините, а поентата на истиот е дека содржи многу помалку холестерол од вообичаените вкусови, односно повеќе протеини од сите останати.

2.Сладолед од мајчино млеко

Лондонската слаткарница The Icecreamists предизвика вистински контроверзии кога во понудата го стави и овој вкус со наслов Baby Gaga. На сладоледот му се додава и лимон и свежа ванила од Мадагаскар.

3.Сладолед од сланина

Овој сладолед се прави од кандирана сланина, а првично настанал како експеримент на американскиот готвач и пекар Давид Лебовиц. Тој го комбинира со кафен шеќер, цимет, ванила и малку рум.

4.Сладолед од лук

Сладоледот кој веројатно сите ќе сакаат да го „прескокнат“, има навистина интересни состојки меѓу кои лук и мед. Сладоледот обично се служи како сос за главното јадење, како на пример некој сочен стек.

5.Сладолед од октопод

Сите оние кои сакаат морска храна, дефинитивно мора да го пробаат овој десерт наречен Taco Aisu.

6.Сладолед од лигњи

Повторно се враќаме во Јапонија каде можете да ги вкусите најлудите сладоледи на светот. Овој сладолед од лигњи има црна боја и изразито кремаста структура.

7.Сладолед од свежа трева

Еден бар во Њујорк неколку години успешно го служи овој сладолед направен од добро преработена трева што се јаде.

8.Сладолед со вкус на пиво

За сите љубители на пивото, ова е вистинскиот десерт во кој знаеме дека ќе уживате. Можеби еден од најбараните, повторно во еден бар во Њујорк.

9.Сладолед од козјо сирење

За сите љубители на козјото сирење, дојде уште еден специјалитет во кој можете да уживате. Ако сакате да експериментирате, тогаш овој сладолед е десертот што мора да го пробате.

 

loading...