Дали е појадокот навистина толку важен?

Постојано го слушаме ова: Појадокот е најважниот оброк во денот. Но дали е тоа навистина точно или е само еден од најраспространетите митови во општеството.

0
726

Појадокот се смета за здрав, дури и за најважен од сите оброци во денот.

Дури и денешните официјални упатства за исхрана препорачуваат да не го прескокнуваме појадокот.

Се тврди дека појадокот ни помага во слабеењето, а тоа што го прескокнуваме може да го зголеми ризикот од дебелеење.

Ова изгледа како проблем, бидејќи многу луѓе редовно го прескокнуваат појадокот.

Сепак, новите висококвалитетни студии почнаа да го доведуваат во прашање универзалниот совет дека секој треба да јаде појадок.

Ајде да видиме што велат истражувањата, дали прескокнувањето на појадокот навистина може да го наруши вашето здравје и да ве направи дебели?

Луѓето кои редовно појадуваат, имаат тенденција да имаат поздрави навики

Вистина е, многу студии покажуваат дека луѓето кои појадуваат се поздрави.

На пример, тие се со помала веројатност да имаат прекумерна тежина и имаат помал ризик од неколку хронични болести.

Поради оваа причина, многу експерти тврдат дека појадокот мора да биде добар за вас.

Сепак, овие студии се т.н. опсервациони студии, кои не можат да ги прикажат причините.

Овие студии покажуваат дека луѓето кои јадат појадок се со поголема веројатност да бидат поздрави, но не можат да докажат дека самиот појадок го предизвикал ова.

Практично, редовното појадување повлекува со себе и други навики за здрав начин на живот кои можат да го објаснат ова.

На пример, луѓето кои појадуваат, исто така, имаат тенденција да јадат поздрава храна, со повеќе влакна и микронутриенти.

Од друга страна, луѓето што прескокнуваат појадок имаат тенденција да пушат повеќе, да пијат повеќе алкохол и помалку да вежбаат.

Можеби овие се причините што јадењето на појадок е во просек поздраво. Тоа не може да има никаква врска со самиот појадок.

Всушност, поквалитетните студии наречени рандомизирани контролирани испитувања сугерираат дека не е важно дали јадете или го прескокнувате појадокот.

Прескокнувањето на појадокот не предизвикува зголемување на тежината

Како што споменавме погоре, луѓето кои прескокнуваат појадок имаат тенденција да качат повеќе килограми од луѓето кои појадуваат.

Ова може да изгледа парадоксално, бидејќи како може тоа што прескокнувате оброк, да ви ја зголеми килажата? Некои тврдат дека прескокнување појадок предизвикува да се стане многу гладен, така што ќе се прејадете подоцна во текот на денот.

Ова се чини дека има смисла, но не е поддржано од доказите.

Точно е дека прескокнувањето на појадокот ги предизвикува луѓето да бидат повеќе гладни и да јадат повеќе на ручек, но тоа не е доволно за да се компензира за појадокот што бил прескокнат.

Всушност, некои студии дури покажале дека прескокнувањето на појадок може да го намали вкупниот внес на калории до 400 калории дневно.

Ова изгледа логично, затоа што ефективно го отстранувате целиот оброк од вашата исхрана секој ден.

Ова неодамна било тестирано во високо-квалитетно рандомизирано контролирано испитување.

Во 4-месечна студија во која се споредувале препораките за јадење или прескокнување појадок кај 309 мажи и жени со прекумерна тежина.

По 4 месеци, немало разлика во тежината помеѓу групите. Едноставно не било важно дали луѓето јаделе или прескокнале појадок.

Овие резултати се поддржани и од други студии за ефектите од навиките за појадување врз губењето на тежината. Прескокувањето на појадокот немало видливи ефекти.

Прескокнувањето на појадокот може да има дури и некои здравствени придобивки

Прескокнувањето на појадокот е чест дел од многу интермитентни методи на гладување.

Ова го вклучува методот 16/8, кој се состои од 16-часовно гладување преку ноќ и 8-часовен временски оквир за јадење кој обично го опфаќа периодот од ручекот до вечерата, што значи дека секојдневно го прескокнувате појадокот.

Се покажало дека наизменичното постење ефикасно го намалува внесот на калории, го зголемува губењето на тежината и го подобрува метаболичкото здравје.

Сепак, важно е да се спомене дека наизменичното постење и / или прескокнување на појадокот не им одговара на сите.

Ефектите варираат од индивидуа до индивидуа.

Некои луѓе можат да доживеат позитивни ефекти, додека други можат да развијат главоболки, скокови на шеќерот во крвта, слабост и недостаток на концентрација.

Појадокот е факултативен

Доказите се јасни, нема ништо специјално во појадокот.

Веројатно не е важно дали јадете или го прескокнувате појадокот, сѐ додека се храните здраво остатокот од денот.

Конечно, појадокот е опција и се сведува на лични преференции.

Ако се чувствувате гладни наутро и сакате да појадувате, повелете и појадувајте нешто здраво. Појадокот богат со протеини е најдобар.

Меѓутоа, ако не се чувствувате гладни наутро и не чувствувате дека ви треба појадок, тогаш не јадете. Тоа е толку едноставно!

Фото: Pixabey

loading...