Дали е тоа фарма на покривот?

Урбаното земјоделство е честа појава во многу земји во развој, кадешто луѓето трошат голем дел од својот приход за купување на храна, но практиката исто така станува се попопуларна низ целиот свет.

0
119

Организацијата за храна и земјоделство на ОН проценува дека 800 милиони луѓе растат храна во и околу градовите. Тоа е приближно 20% од урбаното население во светот.
Урбаното земјоделство е честа појава во многу земји во развој, кадешто луѓето трошат поголем дел од својот приход за купување на храна, но практиката исто така станува се попопуларна низ целиот свет.
Фармите се издигнуваат меѓу високите нивоа, во контејнерите за испорака и на покривите во градовите ширум светот.

Овие урбани фарми не само што обезбедуваат свежи производи за локалното население туку и вработување.

Во САД, урбаното земјоделство цвета веќе неколку години цвета.
Во Бруклин Гранџ, кој се наоѓа на два покриви во Њујорк, растат повеќе од 22.500 килограми органски производи. И на врвот од една фабрика во Чикаго се наоѓа најголемата стаклена градина во светот, со големина од речиси 7.000 квадратни метри.
На покривот од Медицинскиот центар во Бостон исто така постои голема фарма на која се одгледува храна за пациентите, за вработените и за соседството. Таму се произвеле околу 7 илјади килограми храна оваа година. Освен пиперки, домати, кељ и други градинарски производи, на покривот од Медицинскиот центра во Бостон има и кошници со пчели.

This hospital built a massive farm on its roof

Producing 7,000 kilograms of food from just 650 square meters. Learn more about urban agriculture: https://wef.ch/2rvx5I0

Posted by World Economic Forum on Четврток, 10 мај 2018

loading...