Дали повеќе се исплати да земете една голема или две мали пици?

Кога станува збор за храна многумина би се согласиле дека две пици се подобри од една, но не и екипата на математичари на Твитер профилот Fermat's Library.

0
252

Тимот математичари на Твитер профилот Fermat’s Library одлучиле да пресметаат дали ќе добиете повеќе пица ако нарачате две мали или една голема. Се покажало дека пресметката оди во прилог на големите пици.

За пример земале пица со пречник од околу 30 сантиметри и голема со пречник од околу 45. Откако со помош на едноставна математичка формула ја пресметале површината, се покажало дека две мали пици имаат површина од 226 вадрати инчи, додека една голема има површина од 254 квадратни инчи.

Фото: Pixabey

loading...