Дали се диетите најлоша тактика за слабеење?

Поздрав начин на исхрана и животен стил, да, но диетите, сметаат некои, никако не се добра опција за слабеење.

0
169

Веднаш треба да знаете дека постои значајна разлика помеѓу диета и исхрана. Некои стручњаци сметаат дека само со постепена промена на исхраната, со отфрлање на брзата и „џанк“ храна, а со навикнувањето на здрава храна и со вклучување на физичката активност, можете да дојдете до идеална фигура, здрав дух и тело.

Лоша страна на диетите. Сѐ е поголем бројот на луѓе кои сметаат дека диетите, пропишаните режими на исхрана не се тие кои на здрав начин ви помагаат да ослабнете. Зошто?

Затоа што на вас влијаат психички, но и физички. Рестрикции, забранета храна, глад, брзи диети, чистења, празнења…и други чудесии. Сето тоа создава притисок, а некои луѓе стануваат опсесивни, не со изгледот, туку со броењето на калории, премерување што е здраво, а што нездраво и забораваат да уживаат во животот со малку самоконтрола кога станува збор за храната.

Диетите се краткорочни. И тие често не можат да ви помогнат да го смените начинот на исхрана и навиките, па често се враќате на стариот стил на живот. Диетите можат да ви го поправат здравјето и навиките, но и да го уништат. Според некои истражувања, 80-тина отсто од диетите се безуспешни – ќе изгубите неколку килограми и брзо ќе ги вратите, затоа што не сте смениле ништо од корен.

Вежбите, активниот стил на живот и самоконтролата се единствени начини да го обликувате телото на здрав начин и да останете фит. Диетите не можат да ви го обликуваат телото и да ве направат силни, но вежбите можат.

Ви остануваат само 4 правилни избори: здрава исхрама, кардио тренинг, тренинг за сила и ментален тренинг.

Фото: Pixabey

loading...