Дали сте чуле за мајмунски путер?

Ако веќе не се сетивте, во основата на овој путер се бананите, а со оглед на тоа што и останатите состојки се од тропско овошје, ,оже да биде совршен намаз за утринскиот тост, но и за палачинките.

0
242

Состојки:

5 зрели банани

1 конзерва компот од ананас

¼ шолја кокос

Шеќер по вкус, или уште подобро – мед

3 лажици сок од лимон

Приготвување:

Бананите исчистете ги, исечете ги на тркалца и ставете ги во тенџере со остнатите состојки. Ставете го тенџерето на шпорет и варете на тивок оган додека не ја добиете саканата густина.

Кога ќе се згусне, уште врел ставете го путерот во стерилни теглички, веднаш ставете им капаци и ставете ги уште 15 минути во врела вода и оставете ги таму 15 минути.

loading...