Десетти роденден на „Интерскопкејкс“ и најубавите торти на едно место

На 10 ноември во Веро- центарот ќе се одржи јубилејната манифестација „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“, а ќе се дегустира и роденденската торта, која на лице место ќе ја прават шефовите – слаткари.

0
101

На 10 ноември во Веро- центарот, традиционално a годинава по дессети пат, ќе се одржи најслатката манифестација кај нас, „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“.
Јубилејот ќе биде посебен а ќе има и многу изненадувања, ветуваат организаторите – Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња .
Сите посетители и гости на манифестацијата ќе имаат можност да уживаат во слатките креации на аматери и професионалци од земјата и странство.
Секоја година на овој настан учествуваат аматери и професионалци а таа традиција продолжува и годинава- досега за учество на манифестацијата се пријавиле девет држави.
И бидејќи станува збор за хуманитарен настан- по завршувањето на манифестацијата тортите се подаруваат на децата од социјално загрозените семејства .

Инаку, ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018 ќе биде поделен на два дела: ревијален, од 11 до 15ч, кога посетителите ќе ги разгледуваат изложените торти и изложбените штандови и ќе гласаат за најдобрата торта. За време на богатата музичка програма ќе се дегустира роденденската торта, која на лице место ќе ја прават шефовите – слаткари.
Вториот, официјален дел е од 15 до 16:30 ч, што ќе го отворат преставниците на Град Скопје. Во овој период ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори а ќе се прогласат и победничите торти во двете категории.

loading...