Добри вести за оние кои не сакаат да јадат зеленчук

Ако не сте голем љубител на зеленчукот, доволно е во исхраната да воведете само еден зеленчук кој е одличен извор на витамини, железо, влакна и антиоксиданси.

0
363

Многу луѓе не сакаат да јадат зеленчук, но сите знаат дека е важен за здравјето. Затоа, добра вест за оние кои иако го знаат ова не сакаат да го јадат, е дека е доволно во исхраната да воведат само грашок и сите потреби на организмот кои се задоволуваат преку зеленчукот, ќе бидат задоволени.

Имено, нутриционистите велат дека овој зеленчук е толку богат со важни нутриенти што е вистинска штета ако не го јадете редовно.

Благодарение на високото ниво на протеини и влакна, грашокот ќе ви го дигне нивото на енергијата, а овој зеленчук содржи и многу витамин К, кој често не го внесуваме во доволни количини, а е од голема важност за здравјето на коските.

Грашокот е одличен извор на витамини, железо, влакна, антиоксиданси и протеини, вели нутриционистот Џеки Линч.

Овој зеленчук од семејството мешунки е едно од само неколку видови зеленчук кои се одлични извори на протеини, и токму тоа е причината поради која многу протеински шејкови во основата имаат сушен грашок.

Свеж или замрзнат грашок е одличен додаток и во смути, а еве и уште три добри причини да јадете повеќе грашок.

Одличен извор на витамин К, нутриент кој често го превидуваме, а е од витална важност за здравјето на нашите коски. Витаминот К е неопходен за да можеме да создаваме остеокалцин, кој ги прави коските посилни зашто го засилува калциумот кој се користи во процест на обнова на коскеното ткиво.

Исто така, грашокот е полн со антиоксиданси, витамин Ц, Е и цинк, како и полифеноли. Сите тие го одржуваат нашиот имунитет во добра состојба, такашто го намалуваат ризикот од инфекции.

Овој зеленчук е богат и со нутриенти кои се важни за здравјето на срцето и крвните садови, затоа што содржи многу омега-3 масни кислеини кои го намалуваат ризикот од создавање на крвни згрутчувања.

Грашокот е одличен извор на Б витамин, кој исто така позитивно делува на здравјето на срцето и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Ако редовно го јадете овој зеленчук, ќе имате и повеќе енергија, затоа што грашокот е одличен извор на железо, но и на влакна кои се важни за одржување стабилно ниво на шеќерот во крвта. А кога нивото на шеќерот во крвта е стабилно, нема падови на енергијата ниту пак „напади“ на глад во текот на денот.

Како да го подготвите грашокот, а да ги искористите сите овие важни нутриенти на надобар можен начин?

Варете колку што е можно пократко, во колку што е можно помала количина на вода, затоа што на тој начин ја намалувате можноста витамините кои се растворливи во вода (Б и Ц)  да се „изгубат“ во текот на приготвувањето. А ако сакате да пиете смути, можете да додадете една рака грашок во својот утрински напиток.

loading...