До подобро расположение со банани, урми и сончоглед

Ако за ужина јадете банана, а консумирате и јајца, млеко и риба или ги дополнувате оброците со порција семки од сончоглед или овесни снегулки, ќе имате загарантирано подобро расположение.

0
247

Млекото, како и останатата протеинска храна влијае на синтезата на серотонин, кој го поправа расположението.

Причина за безволност можат да бидат ниските количини триптофан кој се внесува преку храната. Истите се наоѓаат во бананите, урмите, сусамот, овесните снегулки и семките сончоглед.

Пијте млеко или јогурт, јадете јајца, месо и риба, или ако сте вегетаријанец, дополнете го секој свој оброк со порција семки од сончоглед или со овесни снегулки. За ужина изедете банана и не се грижете – доброто расположение сигурно ќе дојде.

Фото: Pixabey

loading...