Есенска гурманска салата со круши, авокадо и пилешко месо

Пилешко, круши и јаткасти плодови, однатре, и прелив од мед и сенф. Подготвени сте за вистински есенски гурмански предизвик?

0
158

Состојки:

3 парчиња сланина

4 парчиња бело месо

1 авокадо

Лажица сечкан рузмарин

4 чаши измешано зеленило (рукола, спанаќ, зелена салата…)

2 круши сечкани

2 кромида ситно сечкани

Малку ореви сечкани

Сува брусница

Прелив од мед и сенф

Приготвување:

Пропржете ја сланината на средна топлина додека не стане крцкава. Во маслото од сланината испржете го белото месо по три минути од секоја страна додека не добие жолто-златна боја. Поросете го месото со рузмарин и оставете да се одмори. Исечете го печеното пилешко и измешајте го со зеленчукот, сланината, кромидот, крушите, авокадото, оревите и брусниците.

Истурете врз сето тоа смеса направена од лажичка сенф и лажичка мед. Промешајте и уживајте во вашиот оброк.

Фотографијата е од ТУКА.