Запечена брокула со пармезан

Наместо ориз, тестенини или зеленчук на пареа, како прилог, но и како самостоен оброк, послужете ја оваа едноставна запечена брокула

0
167

Кога не знаете што да направите за ручек, а немате ниту многу време затоа што доцна се враќате од работа, пробајте да поминете со оваа едноставна брокула запечена во рерна која со подготвува брзо и лесно, без многу филозофии.

Состојки:

1 брокула

Неколку чешниња лук

Маслиново масло

Сол, црн пипер

Сок од лимон

Пармезан

Приготвување:

Најпрво добро измијте ја брокулата и разделете ја на помали цветови. За тоа време загрејте ја рерната на 180 степени.

Во садот за печење ставете мрсна хартија. На дното наредете лук исечкан на тенки ливчиња. Во друг сад измешајте ја брокулата со зачините и маслиновото масло и протресете за да се измешаат убаво па сѐ заедно префрлете во садот за печење, врз лукот. Поросете со рендан кашкавал и печете околу 20 минути.

Кога ќе биде готово, накапете сок од лимон и додадете уште малку пармезан.

Рецептот е преземен од Gastro.hr

loading...