За сите што сакаат слатко-солени комбинации

Дури и малку мрсничка чадена сланина може да ви годи за време на летните горештини, ако сте умерени. Искомбинирајте ја со тазе приготвено слатко од домашни рибизли и шампињони полнети со данско сино сирење

0
41

09Купете малку чадена сланина дури и ако е малку помрсничка затоа што само едно парче нема да ви наштети, ама затоа добро ќе ви го зачини ручекот.

Пропржете ја и послужете ја со тазе слатко од домашни рибизли…ако имате, ако не…можете да си купите и свеж ананас.

Шампињоните пак нека бидат поголеми и свежи. Наполнете ги со малку данско сино сирење, завиткајте ги во фолија и за само 5-6 минути имате готов ручек.

Секако, ви треба и непшто сосема свежо, па ако сте биле вредни и сте си засадиле домати во градината или пак во саксија, наберете си едно, направете салата, зачинете ја и ставете неколку ливчиња свеж босилек.

Трпезата е кралска!

loading...