Здрава исхрана во модерно време

Половина Европа е со покачена тежина, а дури 8 отсто од луѓето се со прекумерна тежина која се вбројува под болест. Дебелината со себе носи и „список“ на 26 болести кои можат да не убијат - беше кажано на настанот организиран од компанијата за здрава храна Herbalife Nutrition во хотелот Мериот.

0
124

Воочи јубилејниот 40. роденден, светската, водечка компанија за здрава храна Herbalife Nutrition, организираше 2 свечени настани во хотелот Мериот.

Дневниот настан кој беше отворен за новинарите беше посветен на темите: здравиот начин на живот во денешното брзо време, како и на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hunger. Водител на овој едукативен настан беше Билјана Дебарлијева, а во рамките на настанот како гости предавачи свое излагање имаа новиот директорот на Herbalife Nutrition одговорен за регионот на Југоисточна Европа, г. Горан Николиќ и д-р Јонатан Јаром, спортски лекар и медицински директор на Медикс – Центарот за спортска медицина во рамките на олимпискиот комплекс во Тел Авив.

Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.

„Следната година го славиме 40-от роденден на компанијата, како и нејзината визија за поздрав живот. Компанијата Herbalife Nutrition е присутна во преку 94 земји во светот, имаме повеќе од 8000 вработени луѓе во компанијата, со годишен обрт од приближно 5 билиони долари, покрај производите за исхрана произведуваме и суплементи за спортисти, како и производи за нега на кожа, а тоа е нешто на што навистина треба да сме горди. Исто така, имаме околу 3000 вработени научници, многу од нив се светски признати во своите области, кои ни помагаат во развојот на нашите производи и кои се грижат за тоа сѐ што ќе излезе од нашата компанија da биде 100% сигурно и 100% високо квалитетно. Кога веќе сме кај квалитетот- една од најважните работи во компанијата, имаме агенда која се вика „from seed to feed“, а тоа значи дека сѐ што се сади се проверува од семе, па до крајниот производ и тоа низ сите фази на изработка, како сѐ би било во согласност со нашата мисија.“

За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше д-р Јаром.

„Дефиниција за здравје е отсутност на болести. Не е сѐ во генетиката, иако сите ние имаме тенденција да ја кривиме токму неа за нашите проблеми. Кај многу мал број луѓе, генетиката влијае на одредени проблеми, но генерално кажано нејзиното влијание е само 30 %, така 15 % влијание има социјалната средина… Еден од најголемите непријатели е прекумерната телесна тежина, половина Европа е со покачена тежина, а дури 8 % е со прекумерна тежина која се вбројува под болест… Дебелината со себе носи и „список“ на 26 болести кои можат да не убијат… Двете работи кои најмногу се поврзани со прекумерната телесна тежина се недостатокот од физичка активност и лошиот начин на исхрана, 25 % физичка активност и 75 % исхрана… Доколку секојдневно внесуваме само 70 калории повеќе од она што му е потребно на нашиот организам, за 30 години ќе накачиме 15 килограми….“

Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.

Завршен збор како гостин-предавач имаше г. Николиќ, кој потсети на општествената одговорност на компанијата и зборуваше за глобалната кампања Nutriton for Zero Hunger.

Компанијата Herbalife Nutrition во соработка со Feed the children ја покренаа оваа глобална иницијатива, со која заложија 2 милиони долари наменети за борбата против гладот во светот, како би овозможиле достапност на добра храна, и за борбата против сѐ поголемиот пораст на телесна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, подобрување на едукацијата за исхрана, откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.

После едукативниот дел следеше забавен дел и коктел од здрави напитоци и здрава храна.