Здрави и нискокалорични

Во вечерните часови додека се одмараме особено кога сме пред телевизорот, добиваме најмногу желба за грицкање. Еве што ви предлагаме за овие моменти

0
137

Еве неколку намирници кои се добри за овие моменти кога нешто ви се грицка, затоа што, како прво, се здрави, а како второ, не дебелеат многу.

Сушени смокви

Тие се првиот извор на баластни супстанции. Ќе го снабдат телото со потребната енергија, па затоа е идеално да се јадат пред тренинг. Покрај тоа, тие содржат големо количество калиум – важен минерал за забрзување на регенерацијата на организмот.

Бадеми

Бадемите се богати со алфа токоферол, облик на витамин Е кој телото најбрзо го апсорбира. Тој витамин има антиоксидативно дејство и спречува оштетување на клетките после тренингот. Изедете една рака бадеми во текот на денот и ќе бидете прилично сити.

Темно чоколадо

Содржи флавонол кој ѝ припаѓа на друпата растителни материи кои му користат на здравјето. Исто така, го поттикнува и крвотокот.

Банани

Заради големата количина калиум кој го содржат бананите, нема да имате грчеви во мускулите и ќе бидете полни со енергија. Освен тоа, заради големата количина јагленохидрати, тие се вистинско супер гориво за мускулите.

Леблебии

Леблебиите се нискокалорична намирница која е идеална замена за стандардните грицки, а можете да ги носите и на работа. Нивната огромна преност е во тоа што е богата со минерали, протеини, магнезиум, железо, како и со влакна.

Ф’стаци

Кога велиме ф’стаци мислиме на оние во лушпа, а не на оние кои се индустриски преработени со адитиви и дополнителни масла. Главно, ф’стаците се многу здрави, а треба да се напомене и дека се помалку калорични од претходно наведените јаткасти плодови, а исто така се и многу вкусни, такашто ги задоволуваат сите потребни критериуми за да се најдат на нашата листа на здрави намирници.

Фото: Pixabay

loading...