Здрав и посен колач со хељдино брашно

Ако сакате овошни вкусови, здрава храна, ама од благо не се откажувате, ова е добар избор. Има од се по малку...

0
256

Состојки:

100 г хељдино брашно

100 г бело брашно

100 мл млеко од ориз или некое друго растително млеко

2 лажици мелен лен

6 лажици вода

80 г шеќер

100 мл кокосово масло

50 г кокос

2 јаболки и 1 круша (или обратно, а може и некое друго овошје по ваш вкус, на пример, јагоди, вишни, малини)

2 лажички прашок за пециво

2 лажици сок од лимон

Приготвување:

Во 6 лажици вода ставете 2 лажици мелен лен и оставете го 10-15 минути да ја впие водата.

Потоа додадете го шеќерот и брзо матете, па додавајте ги останатите состојки со исклучок на овошјето кое треба да се излупи, да се исечка и да се попрска со сокот од лимон.

Земете тркалезен калап за печење и обложете го со хартија за печење. Со лажица земете дел од тестото и размачкајте по дното на тавчето, врз хартијата, а одозгора истурете го овошјето па врз него остатокот од смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути.

 

loading...