Зеленчукова крем супа

Ако сакате нешто здраво, брзо и вкусно, направете си убава крем супа со тиквичка, брокула, морков, кромид,...

0
95

Состојки:

1 тиквичка

1 морков

неколку цветчиња брокула

1 кромид

мало парченце ѓумбир

2 ловорови листа

црн пипер во зрна

сол

семки од тиква

свеж босилек

Приготвување:

Сварете ги тиквичката, морковот, кромидот и ѓумбирот во посолена вода со два ловорови листа и неколку зрна црн пипер. Пред крајот додадете ја и брокулата.

Оставете ги да се оладат и ставете ги во блендер. Додадете и од водата во која се вареше зеленчукот.

Сервирајте со неколку ливчиња свеж босилек и семки од тиква, евентуално, доколку сакате со интегрален кекс или ржано лепче, со павлака или со лимон.

loading...