Знаете ли која од овие банани е најздрава?

Луѓето кои јадат банани ги сакаат на различен начин, па додека едни сакаат да ги јадат оние презреаните, има и такви кои ги сакаат токму оние кои се помалку зрели и потврди. Кој од нив е во право кога станува збор за тоа кои од нив се покорисни за здравјето?

0
853

Ако сте љубители на банани, треба да знаете и кои банани, односно, во која состојба е најдобро да ги јадете, дали кога се позрели или пак кога се позелени. Затоа, добро е да знаете дека колку што стојат подолго бананите, ензимите почнуваат да го претвораат скробот во шеќер. Иако скробот сам по себе не е благ, со стоење на воздух станува па затоа и бананата која е позрела е воедно и полесно сварлива, но и поблага.

Но, неодамна, една јапонска студија открила нешто фасцинантно – имено, со стареењето и со созревањето, бананите произведуваат повеќе антиоксиданси од бананите кои се свежи.

Го знаете ли оние темни точки на постарите банани? Токму тие се заслужни за настанување на факторот на некроза на туморите, супстанција која ја сузбива појавата на туморни клетки.

И нека не ве загрижува бојата на бананата – колку е постара, толку е подобар природен лек. Освен тоа, зрелата банана е и до 8 пати поефективна во јакнењето на имунолошкиот систем од помалку зрелата банана. Значи, која банана е најдобра: Онаа која е најзрела.

И совет плус за лицата кои боледуваат од дијабетес тип 2. Имено, за нив, зрелите банани со висок процент на шеќер се полош избор, но затоа можат да се комбинираат со бадемов путер. На тој начин маснотиите од путерот го забавуваат пребрзото разградување на шеќерот во крвта.

loading...