Знаете ли кој е најздравиот начин за консумирање на спанаќот?

Научниците од Универзитетот во Шведска тестирале различни начини за подготовка на спанаќ, за да видат како се менува неговиот хранлив состав во однос на тоа како е подготвен.

0
583

Најздравиот начин за консумирање на спанаќ е да го ставите во смуди. Имено, готвењето на овој зеленчук ги разбива антиоксидантите, додека од друга страна, мешањето свеж спанаќ со јогурт или млеко помага во ослободување на моќната хранлива материја лутеин.

Готвењето или пржењето на спанаќот го уништува лутеинот, покажала студијата.

Овој нутриент го намалува ризикот од срцев удар и го спречува оштетувањето на очите, покажаа некои претходни студии.

Научниците од Универзитетот во Шведска тестирале различни начини за подготовка на спанаќ, за да видат како се менува неговиот хранлив состав во однос на тоа како е подготвен.

Тие исто така редовно го мереле нивото на лутеин и утврдиле дека е најдобро да се јаде свеж, заедно со млечни производи.

Најдобро е да не го загревате спанаќот воопшто, а уште подобро е да го ставите во смуди напиток и да додадете млечни производи, како павлака, млеко или јогурт“, вели авторката на студијата.

Кога спанаќот ќе се исечка на мали парчиња, се ослободува повеќе лутеин, а мастите од млечните производи помагаат лутеинот да се раствори во течноста“, објаснува таа.

Од друга страна, долгото готвење спанаќ е најлошиот начин за подготовка на овој зелен зеленчук. Со готвењето на пониска температура спанаќот задржува малку повеќе витамини, а подгревањето на спанаќот во микробрановата печка е исто така потенцијално поздрава опција, велат експертите.

Фото: Pixabey