Зошто би требало да јадете тестенини?

Љубители на тестенините! Поновите истражувања откриле нешто навистина позитивно за вас – вашите сакани јагленохидрати многу брзо се качуваат на листата на најдобрите намирници за одржување на здравјето и линијата.

0
514

Научните истражувања за влијанието на тестенините врз здравјето и линијата во последно време одат се повеќе во прилог на тестенините, спротивно од претходните мислења дека оваа сакана намирница е штетна за одржување на фигурата.

Тестенините во суштина содржат многу малку маснотии, и тоа само 1 грам содржат тестенините без јајца, до 2,5 грама во тестенините со јајца. Освен тоа богати се со влакна па даваат чувство на ситост, а варењето е позабрзано.

Тестенините со јајца се богати и со протеини, кои се неопходни за раст и развој на човековиот организам, но и за развој на мускулната маса кај спортистите.

Не се преработени, а имаат и низок гликемиски индекс, ако се комбинираат со саканиот зеленчук и со здрави сосови, како салата или како самостојно јадење со неколку капки маслиново масло и најсаканите зачини.

Стручлњаците најмногу ги препорачуваат со медитеранската диета, која подразбира многу здрави масти како маслиновото масло, зеленчукот и рибата. Со ваквиот начин на исхрана се превенираат и проблемите со срцето, затоа што не се внесуваат маснотии штетни за крвотокот, кои тестенините сами по себе ги немаат.

Едно истражување објавено во списанието Nutrition & Diabetes покажало дека тестенините е поверојатни дека можат да бидат добри за вашата половина, отколку дека ќе ве здебелат.

Се истражувале и прехранбените навики и индексите на телесна маса кај повеќе од 23.000 луѓе од два различни региони и не е најдена ниту една допирна точка помеѓу консумирањето на тестенини и таложењето на килограми. A оние кои редовно ги консумирале, но умерено, имале помал обем на половината и колковите.

Џорџ Поунис, еден од авторите на истражувањето рекол дека со „анализа на антропометриските податоци на испитаниците и нивните прехрамбени навики, увидовме дека консумирањето на тестенини, спротивно од она што многумина мислат, не е поврзано со зголемената телесна маса, напротив“.

Друго истражување спроведено од страна на National Pasta Association покажало дека редовните консументи на тестенини внесуваат поголеми количини на битни витамини и минерали во својот организам од оние кои тоа го прават помалку.

При собирањето на податоците, ги земале предвид прехранбените навики на возрасни лица постари од 19 години во периодот од 2001. до 2012. Година и заклучиле дека оние кои јаделе повеќе тестенини имале во организмот поголемо ниво на фолна киселина, железо, магнезиум и диетални влакна, значи се што е потребно за здрава и балансирана исхрана.

Покрај сето ова се покажало и дека љубителите на тестенини внесуваат помал број заситени масти и додадени шеќери, два најголеми фактори во исхраната кои водат кон дебелеење.

На сите овие факти Дијана Веланд, регистрирана диететичарка во National Pasta Association, додава дека „тестенините можат да бидат ефективни во секојдневната исхрана затоа што служат како сосвршен систем на „достава“ на овошје, зеленчук, немасно месо, риба и мешунки во организмот. Оваа нализа ја потенцира нутритивната вредност на житарките како есенцијални во здравата исхрана. Покажува дека нивните љубители се раководат по поквалитетни диети од оние кои не ги јадат (или ги избегнуваат).

Житарките и јајцата од тестенините се добар извор на витамини од Б комплекс, а тука спаѓаат витамин B-1 (тиамин), витамин B-2 (рибофлавин), никотинска киселина (витамин B-3), пантотенска киселина (витамин B-5), витамин B-6 (пиридоксин), фолна киселина и витамин B-12 (цијанокобаламин). Секој од нив има доста различни улоги и дејство.

loading...