Зошто е добро да се пие цикорија?

Нашите баби и дедовци пиеја бело кафе од цикорија, односно, напиток со вкус на кафе, познат под името „Дивка“. Иако се муртевме кога ќе ги намирисавме како почетници-кафеџии, сега е повторно тренд, како поздрава варијанта од разно-разните кафиња кои се појавија на пазарот

0
580

Пред неколку децении белото кафе од цикорија беше многу популарно, нашите баби и дедовци го практикуваа секое утро. Понекогаш го мешаа со обичното мелено „турско“ кафе па ни го подметнуваа како чисто. Меѓу помладите и почетниците-кафеџии не беше многу популарно да се пие мешано кафе, но сега, кога е тренд здравата храна, се враќаме на старите навики на претходните генерации. Еве зошто е добро да се пие цикорија.

Цикоријата е корисна лековита билка која ја обновува крвта, целиот организам и ја поттикнува работата на црниот дроб и жолчниот меур.

Содржи и до 20 проценти инулин, горчливи материи, пектини, цикориина киселина и калиум, па токму поради својот состав е одлично средство за детоксикација на организмот. Инулинот во цикоријата, ја прави оваа билка погодна и за исхрана на дијабетичарите, затоа што не влијае на порастот на нивото на шеќер во крвта.

Со своето дејство го подобрува варењето, го поттикнува лачењето на жолч, дејствува диуретски, ја активира работата на организмот, а непосредно делува и врз слабеењето.

Освен тоа, инулинот кој го содржи цикоријата делува пробиотички. Пробиотиците се материи кои го поттикнуваат растот и бројот на пробиотички „пријателски“ бактерии во цревата, а тоа делува корисно на варењето и на функционирањето на целиот организам. Цикоријата ја поттикнува работата на метаболизмот, додека кафето значитено го забавува, па цикоријата е сепак поздрав избор за секојдневен утрински напиток. Преполна е со влакна, па е затоа и добар борец против киселост на организмот, односно, против состојбата која е плодно тло за развивање на многу други, па и на малигни болести.

loading...