Зошто е добро секој ден да се јадат семки од тиква?

Исхраната богата со семки од тиква е поврзана со помал ризик од карцином на желудник, дојка, бели дробови, простата и дебело црево.

0
700

Иако се мали, во семките од тиква има мноштво вредни хранливи материи. Дури и мала количина семки му обезбедуваат на вашето тело значајни количини здрави масти, магнезиум и цинк, а лесно е да ги вклучите во секојдневната исхрана.

Полни се со вредни хранливи материи

39 грама семки содржат:

Енергија: 151 kcal

Влакна: 1,7 грама

Јагленохидрати: 5 грама

Протеини: 7 грама

Масти: 13 г (од што 6 г омега-6 масни киселини)

Витамин K: 18% RDI

Фосфор: 33% RDI

Манган: 42% RDI

Магнезиум: 37% RDI

Железо: 23% RDI

Цинк: 14% RDI

Бакар: 19% RDI.

Исто така, семките од тиква содржат и значајни количини антиоксиданси и полинезаситени масни киселини, како и калиум, витамин B2 и фолати.

Содржат антиоксиданси

Содржат значајни количини антиоксиданси како каротеноиди и витамин Е. Антиоксидансите можат да го намалат воспалението и да ги заштитат нашите клетки од слободните радикали. Поради тоа намирниците богати со антиоксиданси можат да помогнат во заштита од различни болести. Во едно истражување врз глувци заболени од артритис забележано е намалување на воспалителната состојба откако им било давано масло од тиква.

Поврзани се со намалување на ризикот од одредени видови карциноми.

Исхраната богата со семки од тиква е поврзана со помал ризик од карцином на желудник, дојка, бели дробови, простата и дебело црево. Резултатите на едно големо истражување спроведено на жените во постменопауза, покажале дека консумирањето на семки од тиква е поврзано со намален ризик од рак на дојка.

Го подобруваат здравјето на простатата и мочниот меур

Неколку студии потврдиле дека семките од тиква ги намалуваат симптомите поврзани со проблемите на простатата. Исто така, резултатите на една студија покажале дека секојдневнот земање на 10 грама екстракт од семки од тиква ја подобрува функцијата на уринарниот систем.

Содржат висок процент на магнезиум

Семките од тиква се еден од најдобрите природни извори на магнезиум што е многу важно поради сѐ почестите појави на недостаток од магнезиум кај луѓето во западните земји. Магнезиумот е неопходен за повеќе од 600 хемиски реакции во телото. Адекватното ниво на магнезиум во организмот е важна за:

Контрола на крвниот притисок

Намалување на ризикот од срцеви болести

Формирање и одржување на здрави коски

Регулација на нивото на глукоза во крвта

Можат да го подобрат здравјето на срцето

Студиите на животни покажале дека маслото од тиква може да го намали високиот крвен притисок и високото ниво на холестерол – два важни ризични фактори за развој на срцеви болести. Резултатите на една студија која вклучила 35 жени во постменопауза покажале дека земањето на додатоци во исхрана во облик на масло од тиква го намалува крвниот притисок за 7% и го зголемува нивото на ‘добриот’, HDL, холестерол за 16% во период од 12 недели.

Можат да го намалат нивото на глукоза во крвта

Студии спроведени на животни покажале дека тиквата, семките од тиква, правот од семки од тиква и сокот од тиква можат да го намалат нивото на глукоза во крвта.

Тоа е особено важно за дијабетичарите кои водат борба со контролата на глукозата во крвта. Неколку студии утврдиле дека консумирањето на сок од тиква или на прав од семки од тиква го намалува нивото на глукоза во крвта кај лицата со дијабетес тип 2 што му се приишува на високиот процент на магнезиум.

Содржат висок процент на влакна

Семките се одличен извор на прехранбени влакна – обезбедуваат 5,2 г влакна на 30 г семки. Исхраната богата со влакна го одржува здравјето на системот за варење и поврзана е со намален ризик од срцеви болести, дијабетес тип 2 и дебелина.

Можат да го подобрат квалитетот на спермата

Намаленото ниво на цинк во организмот е поврзано со намален квалитет на спермата и зголемен ризик од неплодност кај мажите. Семките од тиква се богат извор на цинк поради што можат да го подобрат квалитетот на спермата. Исто така, содржат антиоксиданси и други хранливи материи кои можат да учествуваат во одржувањето на посакуваното ниво на тестостерон.

Го подобруваат сонот

Ако имате проблем со спиењето, можеби би можеле да се консумираат семки од тиква пред спиење. Семките од тиква се природен извор на триптофан, аминокиселини кои го подобруваат сонот. Утврдено е дека дневниот внес од 1 г триптофан може да го подобри сонот. Меѓутоа, тоа би значело дека мора да изедете околу 200 грама семки од тиква дневно за да се обезбеди внес од 1 грам триптофан.

Фото: Pixabey