Зошто помеѓу Амишите речиси нема заболени од рак?

Неодамнешната студија објавена во списанието „Cancer Causes and Control“ (Причини и контрола на ракот), открива дека помеѓу Амишите речиси и нема случаи на рак и дека се тие најздрави луѓе во Америка.

0
277

Стручњаци од Универзитетот во Охајо иницирале студија за Амишите за да откријат дали нивниот недостаток на конвенционална медицинска грижа влијае на зголемување на ризикот од добивање рак.

Меѓутоа, она што го откриле целосно ги шокирало. Откриено е дека Амишите имаат значително помали шанси да заболат од рак во однос на остатокот од човештвото, па стручњаците одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот и исхрана и да најдат линк со неочекуваното откритие.

Многу Амиши не пушат и не пијат и главно не се примискуитетни, што ги довело стручњаците до заклучок дека ваквиот начин на живот има важна улога во намалување на случаите на рак. Помеѓу останатите фактори е и количината на физичка работа.

Многу Амиши се занимаваат со земјоделие, градежништво и други рабти за кои е потребна огромна количина физичка активност која позитивно влијае на нивното здравје.

Додека остатокот од Америка (Од околу 200.000 амиши во светот, 99 отсто од нив живеат во САД, а другите се во Канада) седи пред малите екрани по цел ден, Амишите вредно работат, одгледуваат посеви, изработуваат мебел, градат и произведуваат корисни добра. Стручњаците веруваат дека токму тоа придонесува за нивното одлично здравје.

Уште еден важен фактор е фактот дека Амишите сами ја произведуваат својата храна. Користат органски методи со кои се добива здраво овошје и зеленчук, здраво млеко и месо и необработена храна каква што многу Американци никогаш нема ни да пробаат.

Иако многумина го исмејуваат нивниот начин на живот, ги сметаат за заостанати и примитивни, посветеноста на Амишите на едноставен живот со чиста окална храна која им носи здравствени придобивки претставува начин на живот за кој остатокот од светот може само да сонува.

Фото: Pixabey

loading...