Измешајте ги овие три состојки и нема да добиете рак

Дали ја знаете лековитата мешавина од 3 лесно достапни состојки која штити од рак? Добитната комбинација е онаа од куркума, маслиново масло и црн пипер.

0
231

Дали се прашувате зошто Источните Индијанци имаат значително пониска стапка на рак? Ајде да видиме што има да каже за тоа д-р Каролин Андерсон.

Додека ја истражувала литературата за превенција и третман на рак, д-р Андерсон открила статистики кои ја погодиле како молња. Источните Индијанци имаат помала веројатност да развијат рак. Всушност, разликата во броевите е запрепастувачка.

Одговор бр.1: куркума е чудесен зачин.

Ако ги рангирате сите три антиканцерогени средства во редоследот на заслугите, победникот би можел да биде чудото од зачин-куркумата.

Дали некогаш сте го виделе или почувствувале овој зачин? Антивоспалителните својства на куркумата се неверојатно моќни. Всушност, ниту една друга прехранбена состојка не е поефикасна во намалувањето на воспалението во телото. Одговорен за овој ефект е куркуминот. Неодамнешните студии откриваат дека куркуминот го инхибира растот на многу видови рак, како што се ракот дебелото црево, на простатата, јајниците, крвни садови кои го хранат туморот!

Одговор бр.2: Научниците не треба да го игнорираат овој народен лек.

Куркумата се користи во Индија, Кина и на Блискиот Исток повеќе од два милениуми. Неверојатно, но точно!

Професор Барат Агарвал, од центарот за рак во Хјустон, Тексас, беше прв што покажа дека куркуминот е многу активен против ракот во клеточните култури. Подоцна, во 2005 година, тој докажал неверојатни ефекти на ова соединение на туморите на рак на дојка, кај глувците, дури и кога овие тумори повеќе не реагирале на хемотерапија. Кај овие глувци, давањето на редовна доза на куркумин го намалува ширењето на метастазите.

Она што е чудно тука е дека на неговото истражување првично не му било придадено внимание од неговите колеги кои сметале дека експериментите врз основа на некои народни лекови од традиционалната ајурведска медицина не заслужуваат внимание.

Сепак, науката беше повеќе од уверлива. Кога повторно го презентирал своето истражување, но се осврнал на куркуминот како “нов фармацевтски агенс”, неговите колеги одеднаш обрнале внимание на тоа. Тие биле изненадени и сите сакале да дознаат што повеќе за ова „чудо од лек“.

Се чини дека сите треба да јадеме куркумата, но прашањето е како и колку често?

Одговор бр.3: Максимизирајте ги анти-воспалителните придобивки од куркумата.

Многу пати, комбинацијата на храна изгледа полезна за максимизирање на користа.

Се чини дека куркумата земена сама за себе, или во форма на капсула, е многу слабо апсорбирана преку цревата.

Ако куркумата не се меша со црн пипер или ѓумбир – нема да ја помине цревната бариера. Пиперот ја зголемува апсорпцијата на куркумата во телото за 2.000 проценти! Идеално е, исто така, да се раствори во маслиново масло.

Еве ја чудесната формула:

Измешајте ¼ лажичка куркума во прав со ½ лажичка маслиново масло и великодушно додадете од црниот пипер.

Додавајте ја оваа мешавина во супи, преливи за салата, зеленчук или варено месо. Одвојте време за да ја подготвите оваа голема мешавина!

Колку често се консумира? Се чини дека толку често колку што можете е најдобриот одговор.

Фото: Pixabey

loading...