Имате ли доволно калиум?

Висок притисок, мозочен удар и ослабени рефлекси се само некои од последиците од недостатокот на калиум во организмот, укажуваат стручњаците, а на топ листата на најважни извори на калиум се бананите, портокалите, крушите, кајсиите...

0
532

Минералот без кој не се можни бројни метаболички процеси во организмот, вклучувајќи го и правилното функционирање на мозокот, срцето и мускулите, се наоѓа во бананите, компирите и друго вкусно овошје и зеленчук.

Висок притисок, мозочен удар и ослабени рефлекси се само некои од последиците од недостатокот на калиум, укажуваат стручњаците.

На топ листата на најважни извори на калиум се бананите, портокалите, крушите, кајсиите…

Трет минерал по застапеност во човечкото тело – калиумот, е синоним за добро здравје. Според тврдењето на нутриционистите, станува збор за елемент кој влијае на одржување на високо ниво на здравствена благосостојба, но и ведриот животен стил.

Не постои ниту една причина која би го оправдала занемарувањето на калиумот во секојдневната исхрана. Напротив!

Не само што делува како електролит, тој минерал е неопходен и за зачувување на срцето, мозокот, бубрезите, мускулните ткива и други важни органи на човечкото тело.

Калиум-хлоридот е најчест облик во кој тој елемент доспева во телото, а во спрега со натриумот извршува низа клучни задачи во организмот.

Само некои од заштитните улоги на калиумот се одразуваат во намалување на ризикот од мозочен удар, покачен крвен притисок, анксиозност, ублажување на последиците од стрес, неизбежен дел е од нормалното функционирање на метаболизмот, одржување на балансот на водата, електролитите.

Како последица од недостатокот на тој елемент можат да се јават бројни здравствени проблеми почнувајќи од оние безопасните како што се заморот и слабоста на мускулите, но и поопасните како што е отсуство на рефлексна реакција, забрзана работа и чукање на срцето, анемија, силни главоболки.

Долготрајниот недоволен внес на калиум доведува до хипертензија, болка во абдоминалниот дел, отекување на жлездите, па и дијабетес.

Препорачаната дневна доза за возрасни лица е до 4.600 милиграми, додека десетгодишни деца не би смееле да внесуваат повеќе од 2.000 мг.

За да го снабдиме организмот со доволни количини калиум, диетолозите укажуваат дека е доволно да јадеме јужно овошје, зеленило и мешункаст зеленчук.

Еден од најбогатите извори на тој важен минерал е бананата, но не би требало да ја занемариме ни тиквата, ароматичен свежо цеден сок од портокали, киви, кајсии, круши, вкусен компир, интегрален ориз, домати, брокули, соја, ниту пак пашканатот, бадемите и другото јаткасто овошје, а лососот, млекото и пилепкото се тука за да овозможат разновидност на намирниците кои содржат калиум.

Меѓу позначајните улоги на калиумот е и регулацијата на преносот на нервните импулси низ организмот, што понатаму ја овозможува нормалната работа на мускулите. Последици од хипокалемијата, недостатокот на калиум во крвта, можат да бидат и грчеви на поголемите мускули.

Исто така, правилен раст и развој на мускулното ткиво се речиси невозможни без одредена количина од тој важен минерал.

Една од најважните улоги која ја има калиумот во организмот, сепак се однесува на функционирањето на мозокот. Недостатокот на тој минерал може да укаже на ризик од мозочен удар.

Додаток на исхраната во вид на прав на калиумова сол може да се користи исклучиво по препорака на стручно лице затоа што важниот баланс помеѓу калиумот и натриумот (т.н. калиум-натриумова пумпа), односно на нивните соединенија, мора да остане во предвидените граници.

Токму поради тоа стручњаците препорачуваат балансирана исхрана во која се секојдневно застапени намирници богати со тој минерал, а доколку наодите на редовните систематски прегледи покажат недостаток, лекарот ќе одлучи дали е неопходна диета, некој лек или додаток на исхраната.

Фото: Pixabey