Имате проблеми со штитната жлезда?

Поентата на прилагодената исхрана не е во тоа да се измачуваме во име на здравјето (и во еден момент да „пукнеме“ и да се откажеме од сѐ), туку препорачаните намирници да ги вклопиме во својата прехранбена рутина. А тоа воопшто не е лесно.

0
660

За секоја здравствена состојба или болест можно е да се креира исхрана која ќе му помогне на организмот да излезе на крај со спрецифичните предизвици.

Не е препорачливо со новиот режим да се тргне нагло и радикално, туку намирниците треба постепено да се воведуваат и во случај некоја од нив да ја прифаќаме лошо, да најдеме нејзина алтернатива.

Поентата на прилагодената исхрана не е во тоа да се измачуваме во име на здравјето (и во еден момент да „пукнеме“ и да се откажеме од сѐ), туку препорачаните намирници да ги вклопиме во својата прехранбена рутина. А тоа воопшто не е лесно.

Ништо полесно не е да се најдат рецепти со тие намирници, а да не вклучуваат долготрајна и комплицирана подготовка, како и тешко достапни состојки. Сето тоа важи и за исхраната која помага кај проблемите со штитната жлезда и затоа еве пример за сите видови на оброци во текот на денот кои ги препорачува Антони Вилиам во својата книга „Здрава штитна жлезда“.

Но најпрвин нешто поедноставно за подготвување доколку сакате што побрзо да почнете со третманот за својата штитна жлезда. Се разбира, зборуваме за напитоци.

Напитоци

Храната која ќе ѝ годи на штитната жлезда може да дојде и во течни облици како што се сок, густ напиток (смути) и чај.

Чаевите и напитоците можете да ги пиете додека ги подготвувате погоре споменатите јадења или без некој посебен повод, а густиот напиток (смути) може да биде и одличен меѓуоброк со кој во организмот брзо ќе внесете многу хранливи материи.

Сок за исцелување на штитната жлезда

1 китка листови од целер

2 јаболки исечени на парчиња

1 китка свежи листови од кориандер (можете да ја замените со китка магдонос)

Парче свеж ѓумбир со големина од 5 до 10 цм.

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во соковник. За најдобри резултати, испијте го веднаш, на празен желудник.

Или на парчиња исечкајте ги јаболките и целерот. Сите состојки ставете ги во блендер сѐ додека не добиете пире кое ќе го исцедите и веднаш ќе го испиете.

Појадок

Каша со јаболко, цимет и суво грозје

3 јаболки

¼ лажичка цимет

1 прстофат ванила во прав

2 урми

1 лажичка мед (по желба)

½ лимон

¼ шолја суво грозје

2 лажици ореви (по желба)

2 лажици кокосови трошки (по желба)

Приготвување:

Исечканите јаболка, циметот, ванилата, урмите, медот и сокот од лимон ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Оваа каша ставете ја во чинија и по желба додадете суво, грозје, ореви и кокос.

Ручек

Шпагети од тиквички со песто (за 2 порции)

3 средно големи тиквички

2 шолји листови од босилек

¼ шолја семе од коноп

¼ шолја ореви

1 лажица маслиново масло (по желба)

½ урма

2 чешниња лук

¼ лажичка морска сол

1 лимон

¼ шолја вода

2 шолји шери домати.

Приготвување:

Со помош на класично ноже за лупење, откако ќе ги излупите тиквичките, исечете тенки ленти во форма на шпагети или пошироки ленти.

Ставете ги во еден сад, а потоа во блендер имешајте ги листовите од босилек, семето од коноп, оревите, маслиновото масло, урмата, лукот, морската сол и сокот од лимон заедно со водата за да се добие смеса во вид на песто. Прелијте го пестото врз тиквиците и мешајте додека не бидат рамномерно зачинети со пестото. Додадете ги шери доматите.

Вечера

Ова јадење брзо се приготвува, а постои и во сирова варијанта. Исто така, може да се прилагодува и со користење на различни зачински билки.

Пржен „ориз“ од карфиол (за 2 до 3 порции)

1 средно голема главица карфиол

1 лажичка кокосово масло

½ главица црвен кромид

Парче ѓубир со величина околу 2,5 цм

3 згмечени чешниња лук

1 морков изрендан

1 црвена пиперка

2 стебленца целер

1 шолја грашок

1 лажичка сусам пропржени во тава

2 лажички сос од кокос

½ лажичка мед (по желба)

1/2 лажичка морска сол

1 шолја свежи листови кориандер

Приготвување:

Цветчињата карфиол исечкајте ги на ситно додека не добиете текстура налик на зрна ориз. Истиснете го вишокот вода и оставете го „оризот“ (карфиолот) на страна.

Во голем лонец загрејте 1 лажичка кокосово масло и на средно силен оган динстајте го кромидот додека не стане проѕирен и додека не омекне. Со лажиќка по потреба додадавјте вода за да не се залепи кромидот за дното. Додадете ги ѓумбирот, лукот, морковот, пиперката, целерот и грашокот и продолжете да динстате 5 до 7 минути, односно, додека зеленчукот не омекне. Додадете го „оризот“ од карфиол, пропржениот сусам, сосот од кокос, медот и морската сол и добро измешајте. Продолжете да готвите уште 5-7 минути додека карфиолот не омекне.

Послужете заедно со листови кориандер, сусам и сок од лимон.

Фото: Freepik

loading...