Интерскопкејкс: Најубавите торти на едно место

На 9.ноември (сабота) во Веро Центар, не ја пропуштајте најголемата слатка манифестација во градот и дојдете да ги видите најубавите слатки, јадливи уметнички дела

0
429

Претстојниот викенд, поточно, во сабота – 9.ноември, на старото место – во Веро Центар, следува уште едно издание на најслатката манифестација „Интерскопкејкс“.
Манифестацијата се одржува по 11. пат и не се сомневаме дека тоа ќе биде уште една изложба на најубави торти.

Организатори се Град Скопје и Хуманитарната организација „Хоа – Ангелчиња“, а токму таков, хуманитарен, е и карактерот на оваа манифестација. Имено, по завршувањето на манифестацијата тортите ќе им бидат подарени на децата од социјално загрозените семејства.
Сите оние што во овој период ќе бидат во Веро Центар ќе имаат извонредна можност да уживаат во глетката, слатките креации на аматери и професионалци од земјата и странство кои на мегдан ќе ги изложат своите торти. Меѓу гостите, и еден од најинтересните, младиот Саша Алексиќ од Србија, чии торти се вистински уметнички дела за кои инспирација му се најголемите светски уметници како Густав Климт, Модилјани, Фрида Кало и многу други.

Освен Србија, своето учество досега го најавиле и Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Романија, Бугарија и Албанија.  досега го потврдиле своето учество на настанот а најхуманиот момент е што
Инаку, манифестацијата ќе биде поделена во два дела: ревијален, од 11 до 15 часот, кога посетителите ќе ги разгледаат изложените торти, ќе го следат натпреварот „под притисок“ и ќе гласаат за најдобрата торта.
Официјалниот дел (од 15 до 16 и 30 часот) ќе биде отворен од претставниците на Град Скопје и во овој период ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори, и победничките торти во двете категории.