Исхрана која може да спаси 11 милиони животи

Комисија составена од меѓународни експерти „открила“ како да ја спаси планетата, човечките животи и да нахрани милијарди гладни луѓе

0
249

Планетарно здравиот начин на исхрана“ кој го осмислиле експерти, пред сѐ, бара драстично намалување на црвеното месо во исхраната.

Како што пишува британски „Гардијан“, новиот начин на исхрана ќе ја елиминира опасноста од еколошка катастрофа до која би дошло поради растот на светската популација, а повочно ќе влијае на одгледувањето на добитокот, климатск8те промени, загадувањето на реките и океаните…

Експертите велат дека месото не треба целосно да се исфрли од исхраната, како ни млечните производи, но тврдат дека е неопходно луѓето да користат повеќе зеленчук, овошје, мешунки и јаткасти плодови.

Според нивните пресметки, населението во Северна Америка, на пример, би требало да го намали внесот на црвено месо дури за 84 отсто, а истовремено шест пати повеќе да ги користи во исхраната гравот и леќата.

Кај европјаните тоа изгледа вака: тие би требало да јадат 77 отсто помалку црвено месо, а 15 пати повеќе јаткасти плодови и мешунки.

Жителите на источна Азија би требало да јадат помалку риба, а Африканците да ја намалат количината на скробен зеленчук.

И да не станува збор за зачувување на планетата, напоменуваат експертите, ваквиот начин на исхрана ќе зачува барем 11 милиони животи годишно, затоа што претставува спас од смрт предизвикана од нездрава исхрана.

Тие предупредуваат дека сегашниот начин на исхрана е неодржлив, затоа што води кон сѐ поголеми здравствени проблеми и сѐ поизразено глобално загревање, а посебно имајќи предвид дека до 2050.година на Земјата ќе живеат десет милијарди луѓе. Во тој смисол, а и за да има ефект системот на исхрана што го осмислиле, експертите предлагаат посебно оданочување на црвеното месо, а на жителите на планетата им се советува да ја намалат и количината на риба и пилешко во исхраната, како и да јадат што повеќе мешунки, леблебии, овошје и зеленчук, и тоа секојдневно.

Фото: rawpixel.com from Pexels

loading...