Исхрана со сирова храна

На прво споменување на сирова храна многу од нас замислуваат исклучиво салати, но со малку фантазија, и постапка на дехидрација на зеленчукот или со едноставно мешање во блендер, можат да се приготват разновидни јадења: од различни намази, до крекери и палачинки кои се сушат во дехидратор, па дури и сирови лазањи и сирова торта.

0
245

Јадењето сирова храна стана планетарно познато благодарение на книгата на Викторија Боутенко „Зелено за здравје“ во која опишува како таа и нејзиното семејство преминале на сирова исхрана и го подобриле своето (тогаш сериозно нарушено) здравје.

Викторија своите искуства со сировата храна ги споделила во книгата „Зелено за здравје“, а потоа напишала уште една книга „Во 12 чекори до сирова исхрана“, како што се нарекува и нејзината работилница која ја одржувала пред илјадници луѓе ширум светот, промовирајќи ја сировата исхрана.

Овој вид на исхрана подразбира исхрана исклучиво со сирови намирници и се темели на фактот дека ензимите се разложуваат на температура поголема од 45°C и со готвењето се губат. Со варењето храната осиромашува и за некои витамини и минерали, а со пржење во прегреано масло се ослободуваат хемиски соединенија кои се штетни за здравјето (слободни радикали) па затоа заговорниците на сировата исхрана не обработуваат ниту една намирница туку јадат непреработени и неварени намирници, во нивниот изворен облик.

Овој вид на исхрана обезбедува изобилие од витамини и минерали, ензими, влакна, со оглед на тоа што се јаде многу сиров зеленчук и овошје, семки, јаткасто овошје и никулци.

На прво споменување на сирова храна многу од нас замислуваат исклучиво салати, но со малку фантазија, и постапка на дехидрација на зеленчукот или со едноставно мешање во блендер, можат да се приготват разновидни јадења: од различни намази, до крекери и палачинки кои се сушат во дехидратор, па дури и сирови лазањи и сирова торта.

Никулците се многу популарни во сировата исхрана, заради своите нутритивни својства и леснотијата на одгледување, а со оглед на тоа што заговорниците на сирова исхрана не јадат печен леб, клиците се начин на кои можат да консумираат некои житарки (на пример, пченични никулци).

Смути е вкусен начин на консумирање на овошје и зелен лиснат зеленчук, а најпопуларен во сировата исхрана е зеленото смути кое се прави од зелен лиснат зеленчук (спанаќ, блитва, зачинки билки, диви билки…) и банана или некое друго овошје кое се користи како база. Зелениот лиснат зеленчук е нужен во сировата исхрана о се консумира секојдневно, а во семејствата кои се хранат на овој начин, се приготвуваат по неколку литри зелено смути на ден.

Освен смути, во сировата исхрана се многу популарни и свежо цедените сокови, кои најчесто се прават во соковник. Освен сокови од овошје, лицата на сирова исхрана пијат и сокови од зеленчук. Сок од јачмена или пченична трева е исто така популарен во сировата исхрана. Во сировата исхрана не се користи рафиниран кристален шеќер, туку како засладувач се користи сиров шеќер од шеќерна трска или листови од билката стевија.

Децидрацијата е многу популарен метод на обработка на зеленчукот во сировата исхрана која го задоволува условот намирниците да не се обработуваат термички на температура над 45°C. Зеленчукот може да се дехидрира во рерна во текот на денот (овој процес трае повеќе часови) или во апарат (дехидратор), што е многу поедноставно.

Со оглед на тоа што во сировата исхрана ништо не ја преоѓа точката на вриење, чаевите не се популарни, освен „сончевите чаеви“ кои се прават од билки кои се потопуваат во вода и се оставаат на сонце, а после некое време се процедуваат.

Во сировата исхрана се пие неварено млеко, за да се зачуваат ензимите од млекото, а многу е популарно и киселото млеко, од кое се прави и свежо сирово сирење, па дури и путер. Сепак, повеќето луѓе кои се хранат со сирова храна се вегани, такашто консумираат бадемово млеко (кое се прави од сирови бадеми, во блендер).

Некои пак консумираат сирово месо и сирова риба.

На пазарот во некои подобро снабдени продавници, посебно во развиените земји, достапни се и готови сирови производи, како сирови чоколади, сирови крекери, различни грицки.

Заради избилието од овошје и зеленчук кои се јадат сирови, овие луѓе добиваат мноштво минерали, витамини, ензими, што им помага во зачувувањето на здравјето и виталноста. Многу од луѓето кои се хранат на овој начин јадат од таканаречените супер-намирници како спирулиа, зелена магма, сирово какао…а кои имаат многу поволно влијание врз здравјето.

Грижата на нутриционистите која е врзана за овој вид на исхрана е можниот недостаток на витамин Б12, кај веганите кои се хранат со сирови намирници, како и за задоволување на потребата за енергија (2000 калории на ден, кои се предизвик за сите кои се хранат на овој начин. На многумина им е тешко во текот на зимата, кога многумина од нас имаме потреба да јадеме нешто топло (особено во земјите со ладни зими).

Заради потешкотиите на исхраната од овој тип во текот на зимата, некои луѓе се одлучуваат на видот 80+20, односно, 80% сирови и 20% варени намирници).

Фото: Pixabey

loading...