Како ги уништувате овесните снегулки?

Овесните снегулки е совршен појадок, едноставен и вкусен, а можат да се консумираат на различни начини.

0
590

Најдобро од сѐ е што може да се варат во вода. Тогаш набабруваат и во вашиот желудник заземаат многу место, а за вас тоа значи дека помала порција е доволна за да се чувствувате долго сити. Не содржат многу влакна, но сосема доволно за да помогнат во регулација на нивото на холестерол и за да ја поттикнат работата на системот за варење.

Јадете преголема порција

Само затоа што се здрави не значи дека можете да ги јадете во големи количини. Околу пола шолја овесни снегулки е сосема доволно. Така ќе внесете 150 калории, но ако не ги земете предвид и додатоците со кои ги јадете, како што се млекото или овошјето. Со додатоците бројот на калории ќе пораснат на 300. Појадокот ќе ве засити, но нема да предизвика дебелеење.

Додавате премногу шеќер

Постојат разни начини да ги заблажите своите овесни снегулки, но не претерувајте. Медот е здрав, како и кафеавиот шеќер, но сето тоа содржи калории. Наместо такви сладила, подобро користете цимет, какао во прав или екстракт од ванила. Вкусот ќе бид еи натаму одличен, а ќе има помалку калории.

Додавате премногу суво овошје

Сувото овошје содржи повеќе калории од свежото. Затоа секогаш кога можете заменете го со свежо или со замрзнато овошје. Сепак, замрзнатото овошје може да содржи додадени шеќери па проверете доколку купувате замрзнато овошје. Затоа најдобро е да додадете свежо сезонско овошје, највкусно и најздраво.

Ставате премногу јаткасти плодови

Сигурно мислите дека со нив не моежете да згрешите. Содржат протеини и здрави масти, а сето тоа му е потребно на вашето тело, особено наутро. Но токму поради големиот процент на масти иако станува збор за здрави масти, јаткастите плодови содржат многу калории. Прекумерната консумација на јаткасти плодови ќе предизвикаат прекумерно внесување на калории, а со тоа и таложење на вишок килограми. Доволно е во овесните снегулки да додадете една рака јаткасти плодови.

Не купувате обични туку овесни снегулки со додадени вкусови

Можеби се повкусни, но не се толку здрави затоа што содржат о многу шеќери. Земајте обични овесни снегулки и сами збогатете го нивниот вкус.

Не додавате ништо

Понекогаш луѓето ги јадат овесните снегулки само со вода или со млеко. Тоа можете да го правите повремено, но нека не ви стане навика. Појадокот треба а содржи низа хранливи материи, а тоа нема да го добиете ако во овесните снегулки не додадете некои намирници. Додадете една шолја свежо овошје, малку јаткасти плодови и лажичка цимет.