Како да бидете сити, да не броите калории и да слабеете?

Нова анализа на податоците од 21 клиничко испитување открива дека одреден вид на храна може да им помогне на оние кои сакаат да ослабнат да се чувствуваат сито и побрзо да се ослободат од несаканите килограми.

0
498

Грав, наут, грашок, леќа: Обична храна која може да биде одличен пакет за брзо губење на тежината, пишуваат канадските истражувачи.

Новата анализа на податоците од 21 клиничко испитување на овие прехранбени производи, велат дека тие можат да им помогнат на оние кои сакаат да ослабнат да се чувствуваат сито и побрзо да се ослободат од несаканите килограми.

„Иако губењето на тежината беше мало, нашите наоди укажуваат дека едноставното вклучување на овие производи во вашата исхрана може да ви помогне да изгубите тежина, а ние сметаме дека е уште поважно тоа што може да спречи да ги добиете назад откако ќе ги изгубите“, вели водечкиот автор Расел де Суза истражувач во болницата St. Michael’s во Торонто, се вели во соопштението на болницата.

Еден експерт не бил изненаден од наодите.

„Овие видови мешунки се едни од најпотценетите производи“, вели Дана Анџело Вајт, нутриционистка и асистент професор по спортска медицина на Универзитетот Quinnipiac во Хамден, Конектикат.

„Тие се полни со влакна, протеини, витамини и минерали“, вели таа. „Има смисол во тоа дека ќе помогнат да се олесни губењето на тежината и да се намали холестеролот кога се консумираат редовно“.

Канадскиот тим, исто така, забележа дека овој вид на храна има низок гликемиски индекс што значи дека полека се распаѓаат во дигестивниот тракт. Како такви, тие можат да се консумираат наместо животински протеини или нездрави масти во оброците.

Истражувањата вклучувале вкупно 940 возрасни лица кои кога почнале да јадат една порција (3/4 шолја) од овие производи на ден, без да прават посебни напори за да се воздржуваат од други видови на храна, загубиле во просек 0,75 фунти во текот на шест недели, велат истражувачите.

Според тимот на де Суза, претходното истражување покажало дека јадењето грав, леќа и другите производи од овој вид, прави луѓето да се чувствуваат посити.

Според де Суза, тоа е клучот за губење на тежината – 90 проценти од програмите за слабеење не успеваат, делумно поради влијанието на гладта и желбата за храна.

„Оваа нова студија добро се вклопува во нашата претходна работа, која покажа дека оваа храна го зголемува чувството на ситост за 31 отсто, што всушност може да резултира со помало внесување на храна“, вели тој.

Исто така, изгледа дека овие производи помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта, додава тој.

Антонела Апичела, амбулантен диететичар во болницата во Ленокс Хил во Њујорк, вели дека студијата „ја поддржува идејата дека храната како грав, леќа, наут и сув грашок може да ја намали телесните масти и да придонесе за губење на тежината, дури и ако не се прават рестрикции на калориите“.

loading...