Како да го надополните железото во крвта со помош на храна?

Исцрпеност, бледо лице, обилна менструација, забрзано чукање на срцето, недостаток на воздух, сте си го провериле ли скоро железото во крвта?

0
456

Железото е есенцијално за сите клетки во организмот. Примарната функција на железото е да биде носител на кислород во телото, како дел од хемоглобинот во крвта и дел од миоглобинот во мускулите. Анемија заради недостаток на железо се добива кога нема доволно железо во црвените крвни клетки. Ова е чест проблем, предизвикан за време на бременост, губење на крв и исхрана со ниско количество на железо.

При недостаток на железо во организмот се добиваат следните симптоми:

Недостаток на енергија и замор, вртоглавица, главоболка, бледило, забрзано чукање на срцето, низок крвен притисок, намален апетит, недостаток на воздух, намален имунитет и склоност кон инфекции, нарушен сон, болки во абдомен…

Природни извори на железо се зелен лиснат зеленчук (брокула, блитва, кељ, спанаќ, зелена салата, рукола), цвекло, мешунки (грашок, наут, леќа, грав), интегрален ориз, овесна каша, тофу, соја, таан, домати, јагоди, сливи, калинка, грозје, аронија, бадеми, смокви.

И најдоброто од се:

Квалитетното темно чоколадо изобилува со антиоксиданси, полифеноли, витамини и минерали. Тоа го намалува ризикот за кардиоваскуларни болести и има антиканцерогено и антиинфламаторно дејство. Темното чоколадо изобилува со манган, магнезиум, селен, бакар и се разбира, со железо. Затоа, доколку имате дефицит на железо, консумирајте неколку коцки темно чоколадо 3-4 пати неделно.

Избирајте чоколадо со колку што е можно повисок процент на какао (минимум 60-70%).

Ако страдате од недостаток на железо во крвта, покрај овие намирници, не заборавајте да вклучите додатоци на витамин Ц, бидејќи тоа ќе ви помогне вашето железо подобро да се апсорбира.

Ако вашата диета се заснова на растителна храна, важно е да внесувате витамин Б12 секој ден во вашата диета бидејќи е вклучен во развојот на црвените крвни клетки.

Бидејќи чајот и какаото го отежнуваат апсорбирањето железо, се препорачува да ги консумирате еден час пред или еден час по оброкот.

Избегнувајте јадење лоши јаглехидрати.

Фото: Pixabey