Како да направите здрави палачинки кои можете да ги јадете без грижа на совест?

Можете ли да замислите палачинки кои не дебелат? Овие се токму такви.

0
285

Состојки:

½ чаша овесни снегулки

½ чаша кокосово брашно

1 /2 чаша просо

Прстофат сол

1 лажица шеќер или мед

1/2 прашок за пециво или 1 лажичка сода бикарбона

1 лажица безглутенско брашно

2 јајца

2 дцл млака вода

1 лажица масло

Приготвување:

Овесот, кокосот и просото смелете ги во блендер со оној дел со кој се мели на пример кафе, но смелете ги убаво па соединете ги со останатите состојки.

Оставете ја смесата за палачинки да отстои 15 минути во фрижидер.

Во тавчето за палачинки загрејте масло, а кога ќе земате од смесата внимавајте да не земате преголема количина за да не ви излезат палачинките премногу дебели.

Можете да ги филувате со комбинација од мед и какао во прав.

Фото: Pixabey

loading...