Како да ja спречите оксидацијата на авокадото?

Чувајте ја семката во неискористената половина. Таа ќе овозможи подолго траење на авокадото. А потоа...

0
322

Авокадото е богато со омега 3 масни киселини. Познато е и како природен путер, кој е вообичаен додаток на сендвичи, суши и јадења засновани на јајца. Поради оксидацијата, може да ја промени бојата за само неколку часа. Сепак, постои решение!

Чувајте ја семката во неискористената половина. Таа ќе овозможи подолго траење на авокадото. Потоа, можете да нанесете сок од лимон на зафатените места (исто така делува и со маслиново масло).

Покријте со пластична обвивка, што е можно поцврсто затегнете ја и чувајте ја во херметички сад. Иако овој метод може да го продолжи животот на вашето авокадо само за еден или два дена, многу е подобро од фрлањето на неискористената половина откако ќе омекне или ќе потемни.

Фото: Pixabey