Како куркумата ги убива канцерогените клетки?

Куркумата е добро позната зачинска билка од семејството на ѓумбирот, но дури неодамна науката открила дека овој прастар кулинарски додаток е еден од најсилните природни лекови против ракот. Нејзините лековити својства во последните неколку децении станале предмет на повеќе од 5600 рецензирани и објавени медицински студии.

0
893

Освен убава боја и ароматични својства куркумата крие во себе одлучен убиец на канцерогените клетки – куркуминот чија активна состојка ензимот куркуминоид ја поттикнува клеточната апоптоза (умирање) на заболените ткива. Куркуминот е познат во медицината како антитуморски полифенол, кој делотворно индуцира самоубиство на најтврдокорните клетки на ракот и спречува создавање на нови болни клетки, а сето тоа без никакви негативни ефекти на здравите клетки.

Според неодамна објавената студија, куркуминот е исклучително делотворен за убивање на клетките на ракот на мозокот, но исто така го сузбива и ширењето на многу други типови на клетки на ракот и делотворно го блокира формирањето на тумори, нивна репродукција, влијае на спречување на растот на метастазите, па дури и ако се имплементира во исклучително ниски дози. Освен апоптоза куркумата го засилува делувањето на туморскиот супресорски ген p53.

Исто така, дејствува на намалување на бројот на крвните жили преку кои туморот расте и се развива (анти-ангиогенско дејство). Поновите истражувања сметаат дека матичните клетки на ракот се одговорни за активирање и одржување на ракот, а самиот куркумин се покажал како исклучително делотворен блокатор на матичните клетки на ракот. Ова природно соединение делува дури и на клетките на ракот кои развиле отпорност на хемотераписките лекови предизвикувајќи нивна смрт и намалувајќи ја нивната отпорност на делувањето на хемотераписките лекови.

1-stanice-tretirane-kurkuminom
Клетките на туморот на мокрачниот меур поттикнале апоптеоза – клеточно самоубиство, откако дошле во допир со куркумата

Освен антиканцерогено дејство куркумата е делотворна и при проблеми со варењето, болести на црниот дроб, атеросклероза, остеоартритис, менструални тегоби, бактериски инфекции, а сето тоа заради многу моќните антиоксидативни, противвоспалителни и антибактериски својства.

1-kurkumin
Куркуминот ја поттикнува клеточната апоптоза – самоубиство на болното ткиво кај ракот на дебелото црево.

До сега е клинички докажана делотворноста на куркумата кај ракот на простатата, дојката, црниот дроб и дебелото црево. Куркумата го поттикнува протокот на жолч и разградувањето на жолчните камења, ја регулира работата на жолчниот меур, го блокира ензимот орнитин декарбоксилаза чија засилена активност доведува до покачено ниво на полиамини, еден од факторите на растот на туморите. Целиот правилен клеточен развој зависи од полиамините кои имаат силно стабилизирачко влијание на ДНК клетките.

loading...