Како набрзина да направите намаз со авокадо

Ако во фрижидерот ви се наоѓа некое авокадо, а не знаете што да направите со него, еве предлог за два брзи намази

0
213

Авокадото е намирница што може да се јаде на безброј начини, а еден од попопуларните е комбинацијата на авокадо и тост. Но бидејќи сам за себе не е толку вкусен, потребно е добро да се искомбинира.

Еве рецепти за два намази за кои ви требаат само неколку минути па без проблем можете секогаш да ги подготвувате свежи.

Освен авокадо, за двата рецепти ќе ви требаат уште неколку состојки.

Авокадо и сирење

Згмечете го авокадото со вилушка, додадете 1 лажица свежа урда или рикота, 1 лажичка путер од кикирики и пола банана. Добро измешајте и намачкајте на парче тост.

Авокадо и грашок

Во блендер измешајте 2 лажици грашок од конзерва, додадете пасирано авокадо, лажица крем сирење и малку сок од лимон и добро измешајте. Намачкајте на тост и по желба поросете со разни семки.

Фото: Pixabey

loading...