Како се прави наан?

Наан е индиско сплескано лепче со квасец и најчесто се премачкува со растопен путер или со масло (ги) па се послужува со сите можни индиски сосови.

0
175

Еве што ви треба за оваа варијанта.

Состојки:

500 г брашно

1 инстант квасец

2 лажици мед

6 лажици јогурт

2 лажици растопен путер

1 лажичка сол

250 мл млака вода

Сусам за поросување

Стопен путер или масло за премачкување

Приготвување:

Измешајте ги брашното и инстант квасецот па направете во средината вдлабнатина и во неа додадете ги медот, јогуртот, путерот и солта. Мешајте се полека додавајќи млака вода. Потоа месете го тестото со рака. Префрлете го на работна површина и добро измесете го. Измесеното тесто премачкајте го со малку путер или масло, покријте го со чиста крпа и оставете го на топло да се дуплира. Потоа вратете го на работната површина и удрете го тестото за да се издува воздухот од него и малку премесете го.

Поделете го тестото на 8 (или на 12 лепчиња, доколку сакате помалечки) и секое расукајте го во овална форма на дебелина од околу 1 цм. Загрејте една голема гусана тава за да биде многу врела, а потоа намалете ја температурата.

На загреана тава печете ги лепчињата, секое по 3-4 минути од секоја страна. Немојте да печете повеќе од две лепчиња наеднаш. Кога се готови, премачкајте ги со стопен путер и поросете со сусам.

loading...