Карлсберг го претстави првото хартиено пивско шише на светот

Шишето е дел од иницијативата на Карлсберг „Заедно кон Нула“, која ја вклучува заложбата да достигне нула емисија на јаглерод и намалување од 30% на јаглеродниот отисок во целиот синџир до 2030. година.

0
341

Данскиот гигант за пиво Карлсберг го откри дизајнот за, како што тврди, првото пивско шише од хартија на светот, изработено од одржливи и рециклирачки влакна од дрво.
Шишето е дел од иницијативата на Карлсберг „Заедно кон Нула“, која ја вклучува заложбата да достигне нула емисија на јаглерод и намалување од 30% на јаглеродниот отисок во целиот синџир до 2030. година.

Пивара откри два прототипа за шишето. Двете се направени од дрвени влакна кои имаат „внатрешна бариера“ што му овозможува на шишето да го држи пивото. За едното се користи тенка рециклирана ПЕТ полимерна фолија, додека другата има бариера заснована на био-базирана ПЕФ полимерна фолија.

Карлсберг првично ги започна плановите за овој проект уште во 2015. година, работејќи заедно со EcoXpac, BillerudKorsnäs и пост-докторски истражувачи од Техничкиот универзитет во Данска. Оваа соработка резултираше во создавање компанија за хартија за шишиња Пабоко, заедничко вложување меѓу BillerudKorsnäs и специјализираниот производител на шишиња ALPLA.

Компаниите кои исто така работат со Пабоко (Paboco) се Absolut, Coca-Cola и L’Oréal. Минатата година, Карлсберг инвестираше во голем број други одржливи решенија кои ја заменуваат пластичната амбалажа.

Миријам Шинглетон, потпретседател на групата за развој  во Карлсберг, изјавил: „Ние продолжуваме да иновираме во сите наши формати за пакување и задоволни сме од напредокот што досега го постигнавме со зеленото шише.

Двата прототипи се важен чекор кон остварување на нашата крајна амбиција. За иновациите е потребно време и ние ќе продолжиме да соработуваме со водечки експерти со цел да ги надминеме преостанатите технички предизвици, исто како што сторивме и со нашиот пакет за намалување на пластиката, Snap Pack“.

„Работата со нашите партнери од 2015 година на шишето со зелени влакна илустрира дека овој вид иновации може да се случи кога работиме заедно. Задоволни сме што другите истомисленици сега ни се придружија како дел од Paboco. Партнерствата како што се овие, оние што се обединети со желбата да се создадат одржливи иновации, се најдобриот начин да се остварат реални промени“.

Следуваат вести дека шкотскиот бренд Tennent’s инвестирал 14,2 милиони фунти во одржливи иницијативи, вклучувајќи укинување на пластична амбалажа, користење зелена енергија и спроведување на практики за управување со отпад.

Од пролетта 2020. година, лименките од Tennent’s ќе бидат спакувани во картон, а ова ќе резултира со 150 тони помалку пластични производи годишно. Tennent’s стана првата пивара што се придружи на Пактот за пластика во Велика Британија, кој има намера да ја забрани пластиката за еднократна употреба што се користи во пакувањето до 2021. година.

Карлсберг потроши 20 милиони фунти оваа година за маркетинг кампања во Велика Британија, која признава дека неговото водечко пиво „веројатно и не е најдоброто во светот“, истовремено најавувајќи го новиот премиум позициониран пилснер, кој со време ќе го замени оригиналното лагер пиво.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.