Карфиолот го намалува ризикот од рак на белите дробови

Иако нема зелена боја, карфиолот, како и зелката, брокулата, кељот и прокељот му припаѓаат на семејството зелки. Една чаша карфиол содржи скоро исто толку витамин Ц како портокалот

0
223

Со благ и специфичен вкус, карфиолот е намирница со ниска енергетска вредност која го намалува ризикот од карцином на белите дробови. Иако нема зелена боја, карфиолот, како и зелката, брокулата, кељот и прокељот му припаѓаат на семејството зелки. Една чаша карфиол содржи скоро исто толку витамин Ц како портокалот

Карфиолот е богат со витамини, минерали и фитохемикалии. Богат е со витамин Ц и фолна киселина и содржи многу минерали, особено манган, калиум и магнезиум. Карфиолот, како и другите зеленчуци, е нискокалоричен, а 100 грама од него содржат околу 30 калории.

Специфичен мирис

Иако тие доаѓаат во многу различни форми, зелките споделуваат многу заеднички карактеристики. Една од нив е специфичниот мирис кој се развива за време на готвењето.

Сулфурната арома на зелјестите зеленчуци се должи на органските молекули наречени глукозинолати. Нивната главна улога е одбраната на растението, а со консумирањето стигнуваат и во нашиот организам кадешто исто така вршат одбранбена функција. Одредени студии покажаа дека сулфурните соединенија имаат антиканцерогени ефекти.

Најдобар е за салата

Студијата од 2008. година објавена во списанието American Association for Cancer Research покажалa дека пушачите треба редовно да консумираат ваков зеленчук затоа што можат да го намалат ризикот од рак на белите дробови за 20 до 55 проценти, при што сировиот зеленчук дава најдобри резултати.

Глукозинолатите се инактивни соединенија кои се активираат со помош на ензимите кои природно се наоѓаат во тој зеленчук. Сепак, ензимите со готвењето престануваат да дејствуваат, па затоа е идеално таквиот зеленчук да се јаде сиров или на пример, варен карфиол во комбинација со салата од зелка.

Метод на чување и подготовка

Карфиолот треба да се чува во фрижидер, во цврсто затворено пакување од кое е истиснат воздухот и може да остане свеж до 7 дена. За најдобар вкус на карфиолот, треба да се избегне вриењето бидејќи по 5 минути готвење карфиолот станува кашест и мек и може да изгуби дури 50 проценти од хранливите материи.

Најдобар начин на приготвување е да се издинста брзо без масло.

Загрејте мала количина вода во сад, а потоа додадете го зеленчукот и динстајте неколку минути додека зеленчукот не омекне.

Така омекнуваат влакната од карфиолот поради што тој станува полесно сварлив и со тоа се зголемува апсорпцијата на хранливите материи.

Карфиолот е можно да се јаде и сиров, а најдобро оди со кремави сосови, како на пример, хумус или со сосови врз база на свежо сирење и рен. Од карфиолот е можно да се направи и зимница односно т.н. туршија и одлично оди со останатиот кисел зеленчук како што се морковите, раставиците, зелените домати.

Фото: Pixabey