Кафето ги засилува симптомите на една болест

Иако за кафето се зборува како за напиток кој има свои предности и позитивни ефекти врз здравјето, новото истражување ја покажало неговата „потемна“ страна

0
593

Резултатите од една нова студија сугерираат дека повеќегодишното консумирање на кафе би можело негативно да влијае на симптомите на Алцхајмеровата болеста. Всушност, честата употреба на кофеин предизвикува проблеми во однесувањето и анксиозност.

Водителката на студијата докторката Лидија Хименез Лорт од Универзитетот во Барселона во Шпанија ги објавила резултатите во списанието Frontiers in Pharmacology.

Најчест симптом на Алцхајмеровата болест е губење на помнењето, но исто така треба да се земат предвид и останатите симптоми како што се халуцинациите, анксиозноста, раздразливоста и депресијата.

Иако претходното истражување покажало дека кафето би можело да го намали ризикот од заболување, кај лицата кои веќе заболеле од Алцхајмер, кофеинот нема такво дејство, тврди Хименез Лорт.

Истражувањето е спроведено на глувци

„Не само што имаа типични когнитивни проблеми, туку многу симптоми на деменција, такашто е битно да се утврди дали предноста на кофеинот може да ги надополни негативните ефекти“, наведува една од авторките на студијата Ракет Баета Корал.

Ви тринаесетмесечното истражување на глувците имсе тестирани когнитивно-бихејвиоралните способности. Кај глувците кои консумирале вода со додаток на кофеин воочена е анксиозност неофобија и страв од непознати предмети и ситуации за разлика од глувците кои пиеле чиста вода.

Освен тоа, откриле дека кофеинот не влијае толку поволно на учењето и меморијата кај глодарите.

„Дојдовме до сознание дека кофеинот всушност има повеќекратни ефекти. Всушност, кафето повеќе ги попречува когнитивните функции, отколку што ги поттикнува“, навела Хименез.