Кафе од брокула како замена за зеленчук

Во Австралија се појави потполно нов вид на кафе. Имено, производителите направија прашок од брокула кој може да се додаде во кафето.

0
31

Тргнувајќи од фактот дека многу луѓе не јадат редовно зеленчук, а секој ден пијат кафе, австралиски научници развиле прав од брокула, што може да се додаде во кое било јадење и пиење, што вклучува и кафе.

Дело на водечката австралиска истражувачка организација ЦСИРО и „Хорт иновејшн“, правот е произведен со комбинирање на селектирани третмани и процеси на сушење, со цел да се зачуваат вкусот, бојата и хранливите состојки на брокулата.

Тој прво беше тестиран во едно кафуле во Мелбурн и критиките беа поделени.

Научниците велат дека две лажици прав од брокула се еднакви на околу пет порции зеленчук, што е препорачана дневна доза за еден човек.

„Истражувањата покажуваат дека просечен Австралиец не ја внесува препорачаната дневна доза зеленчук и опции како прав од брокула би можеле да помогнат во тоа“, вели извршниот шеф на „Хорт иновејшн“, Џон Лојд.

Комбинацијата со кафе можеби е чудна, но овој прав може да се додаде и во смути, сосови, супи и печени јадења.

Овој прав е дел од поголем проект кој има за цел да создаде производи од зеленчуци кои изгледаат „грдо“ или обично се фрлаат.

loading...