Кетогена диета за слабеење, но и за лекување

Во последно време кетогената диета се разгледува како можна терапија не само за епилепсија, туку и за многу други невролошки заболувања, како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, последиците од мозочен удар, но и за лекување на некои видови на рак.

0
713

Кетогената диета е примарно смислена за лекување на пациенти кои боледуваат од епилепсија, но годините на истражување покажале дека таа има и други позитивни ефекти, па одделни стручњаци мислат дека е многу добра за нашиот организам во глобала, а особено за мозокот.

Кетогената и останатите слични диети кои се базираат на изгладнување, многу долго се користат во лекувањето на епилепсијата.

Во 1921 година др.Раул Гејлин ѝ ги претставил на Американската медицинска асоцијација неверојатно добрите резултати кои неколку деца ги добиле со изгладнување. Неговите пациенти имале температурни фрасови, а дејството на кетогената диета било долгототрајно.

Гејлин продолжил со својата работа и развил диета со голем процент на масти, а мал процент на јагленохидрати, денеска позната како кетогена диета. Во следните две децении многу лекари им ја препорачувале на своите пациенти за намалување на нападите.

Заинтересираноста за кетогената диета пораснала дури 20 години подоцна кога неколкумина научници одлучиле малку повнимателно да ја проучат. Наспроти репутацијата дека изгладнува, кетогената диета се покажала ефектна за многу болести.

Состојба на кетоза

Кетогената диета е начин нашето тело да го доведеме во состојба позната како кетоза.

Нашето тело инаку ослободува глукоза која ја користи како гориво, а резултатот на модерните диети со голем процент на јагленохидрати е тие да се разградат во глукоза и како енергија да се распоредат во мускулите и во останатите органи.

Но кога ни недостасуваат јагленохидрати, а со самото тоа и глукоза, го поттикнуваме црниот дроб да произведува кетони, производ кој го тера нашето тело да употребува масти. Овој целосно нов начин на работа на метаболизмот или настанувањето на кетоза доаѓа на неколку различни начини како што се дијабетес тип 1, глад, па дури и алкохолизам.

Во оваа состојба кетоните во крвта почнуваат да растат. Кетоните се инаку кисели хемикалии кои вклучуваат ацетон, ацетоацетат и бета-хидросксибутират. Непотребно е воопшто и да се зборува дека оваа состојба може да доведе до сериозни проблеми и ако не се држи под стручна контрола може да доведе до сериозни оштетивања на црниот дроб и на бубрезите.

Но кога се одвива одговорно и под стручен надзор, кетогената диета може ефектно да делува на излекување на многу здравствени состојби.

Како изгледа кетогената диета?

Оваа диета е многу рестриктивна кон јагленохидратите и го ограничува нивното внесување на не повеќе од 50 г во текот на денот. Забранети се преработени јагленохидрати, пецива, тестенини, овошни сокови и овошје со голем процент на шеќер. Изворот на нутриенти доаѓа од зеленчукот, млечните производи, јаткастите плодови…

Најголем извор на протеини е месото и здравите масти (маслиновото масло, авокадото, кокосовото масло).

Од мастите треба да доаѓаат 60 отсто калории, 35 отсто од протеините, а само 5 отсто од јагленохидратите. Додека во исхраната на просечниот човек тој размер е обратен.

Зошто функционира?

Научниците сѐ уште немаат конкретни докази и објаснување зошто оваа диета е толку делотворна.

Овој начин на исхрана е многу ефектен за невролошките пореметувања посебно оние предизвикани од изумирањето на неуроните, а науката мисли дека тоа може да биде поврзано со делувањето на мобилната енергетика.

Кетогената диета е поврзана со зголемена циркулација на кетони во телото што значи и повеќе енергија за мозокот. Кетоните го зголемуваат и бројот на мозочни митохондрии. Токму заради тоа е можно дека зголеменото производство на поголем капацитет на енергија е она што им дава способност на невроните да се спротивстават на сите метаболички предизвици.

Во последно време кетогената диета наголемо се разгледува како можна терапија не само за епилепсија туку и за многу други невролошки заболувања како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, последиците од мозочен удар.

Кетогена диета за лекување на рак

Кетогената диета може да помогне во лекувањето на некои видови на канцерогени заболувања и различни видови тумори. Се чини дека многу добро ја извршува работата кога станува збор за тумор на мозокот.

Познат е случајот на една повозрасна жена која со помош на кетогената диета целосно го излекувала туморот на мозокот, но се тврди дека најдобро делува заедно со препишаната терапија. Одделни стручњаци тврдат дека кетогената диета е многу возможна алтернатива за лекување на малигни тумори на мозокот.

loading...