Кога ви се пие кафе, на телото му недостасуваат сол, фосфор, железо или сулфур

Нутриционистот Шон Вилкинсон тврди дека желбата за некоја храна во повеќето случаи покажува дека на телото му едостасуваат одделни минерали или хранливи материи.

0
284

Често се мисли дека желбата за одреден вид на храна има психолошка природа. Понекогаш е навистина така, но не секогаш. Човечкото тело е совршен механизам и кога ќе почвствува недостаток на одредена состојка која е неопходна за правилно функционирање, тоа игурно ќе ви испрати сигнал.

Нутриционистот Шон Вилкинсон објаснува дека ако многу ви се пие кафе, можно е на вашето тело да му недостасуваат сол, фосфор,железо или сулфур.

Сол – Иако почест проблем е вишокот сол, недостатокот може да предизвика задржувањена течностите во организмот. Симптоми се честите главоболки, замор и раздразливост, а долготрајниот недостаток може да доведе до оштетување на срцето. Користете морска сол и јаболков оцет, доколку ги препознаете симптомите.

Фосфор – Недостатокот од фосфор доведува до анемија, намален апетит, слабост во мускулите…За да го отстраните недостатокот на фосфор, користете во исхраната цели житарки, пилешко, говедско риба, јајца, пивски квасец…

Железо – Паѓањето ма косата, недостатокот од енергија и забрзаната работа на срцето можат да бидат последица од недостаток на железо. Хранете се сo изнутрици, месо, блитва, цвекло, брокули. Истовремено внесувајте и витамин Ц за да мож организмот полесно да го апсорбира железото.

Сулфур – Недостатокот од сулфур во организмот же го забележите по пореметувањето во создавањето на колаген и кератин, телото стаува помалку отпорно на вспаленија, а кожата се истенчува. За да го поправите нивото а сулфур во организмот, внесувајте зелена салата, јајца, житарки, авокадо, кромид, малини или бадеми.

Фото: Pixabay

loading...